
Македонски | 309
Без вметната батерија трајното светло на приказот за
полнење на батеријата сигнализира дека струјниот
приклучок е приклучен на приклучницата и полначот е
подготвен за работа.
Значење на индикаторите (AL1830CV)
Трепка (брзо) зелениот индикатор за наполнетост
Процесот на брзо полнење се сигнализира
со брзо трепкање на зелениот приказ за
полнење на акумулаторот .
Напомена: Брзото полнење е можно само ако
температурата на батеријата е во границите на
дозволената температура, види го делот „Технички
податоци“.
Трепка (полека) зелениот индикатор за наполнетост
При наполнетост на батеријата од околу
80%, зеленото светло трепка полека .
Батеријата може да се извади и веднаш да се користи.
Траен зелен приказ за полнење на батеријата
Трајното светло на зелениот приказ на
батеријата сигнализира, дека батеријата е
целосно наполнета.
Без вметната батерија трајното светло на приказот за
полнење на батеријата сигнализира дека струјниот
приклучок е приклучен на ѕидната дозна и полначот е
подготвен за работа.
Постојано црвено светло на индикаторот за
наполнетост
Трајното светло на црвениот приказ за
полнење на батеријата сигнализира дека
температурата е надвор од дозволените граници на
полнење, видете во делот „Технички податоци“. Веднаш
штом се постигнат дозволените граници на температура,
полначот се префрла автоматски на брзо полнење.
Трепка индикаторот за наполнетост на батеријата
Трепкање на црвениот индикатор за
наполнетост на батеријата сигнализира
друга препрека во процесот на полнење, види во делот
„Причини и помош“.
Совети за полнењето
При континуирани или последователни циклуси на
полнење без прекин, полначот може да се затопли. Ова е
безопасно и не значи дека постои технички дефект на
полначот.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа и затегнување на пилата
uНе приклучувајте ја пилата на струја ако не е во
потполност склопена.
uСекогаш носете заштитни очила кога работите на
пилата или со неа.
Монтажа на ножот и ланецот (види слика A1–A4)
uКористете само синџири за пили со дебелина на
погонската алка (ширина на жлеб) од 1,1 mm.
– Извадете ги сите делови од пакувањето.
– Ставете ја пилата на прикладна површина.
– Турнете го ланецот (12) во отворот околу плочата за
сечење (11). Внимавајте да го поставите ланецот во
правилната насока, споредувајќи го ланецот со
симболот за ротација.
– Ставете ги кариките од ланецот на тркалото за ланец
(20) и поставете го ножот (11) на нив.
– Проверете сите делови да легнат на своето место и
држете го ланецот и плочата во оваа положба.
– Вратете го капакот на место (15) повторно.
– Поместете го капакот (15) со копчето за затегнување
(14) делумно цврсто.
– Синџирот на пилата сè уште не е затегнат.
Затегнувањето на синџирот на пилата се врши како
што е опишано во поглавјето „Затегнување на
синџирот“.
Затегнување на ланецот (види слика B)
Ланецот проверувајте го секогаш пред употреба, после
првата употреба и редовно отприлика на секои 10
минути. На почетокот на употребата, новите ланци можат
значајно да се олабават.
Животниот век на ланецот зависи најмногу од предовното
замастување и правилното затегање.
Не затегнувајте го ланецот кога е џежок, зошто кога ќе се
олади ќе биде премногу затегнат на плочата.
– Ставете ја пилата на прикладна површина.
– Свртете ја зетегнувачката рачка (14) за околу 1–3
вртења во правец спротивен од стрелките на
часовникот, за да го олабавите фиксираниот меч.
– Проверете дали ланецот е исправно поставен во
слотот околу плочата (11) и на дискот (20).
– Вртете го навојот за затегање на ланецот (13) во
насока на стрелките на часовникот додека не се
постигне поволната опишана напнатост. Механичкото
заклучување спречува олабавување на затегнатиот
синџир. Доколку затегнувачкиот прстен на синџирот
(13) се врти со потешкотии, мора да ја олабавите
затегнувачката рачка (14) во правец спротивен на
стрелките на часовникот. Затегнувачката рачка (14)
смее да се врти кога прстенот за затегнатост на
ланецот е (13) е наштелуван.
– Синџирот на пилата (12) е правилно затегнат, откако
истиот може да се подигне во средината за околу
2-3mm. Ова се проверува такашто со една рака се
подига ланецот наспроти тежината на пилата.
– Доколку синџирот на пилата (12) е прејако затегнат,
свртете го затегнувачкиот прстен на синџирот (13) во
правец спротивен на стрелките од часовникот.
– Со затегнат ланец (12) приклештете го ножот (11) со
вртење на копчето за затегње (14) во насока на
стрелките на часовникот. Притоа не користете алат.
Bosch Power Tools F 016 L94 153 | (23.06.2021)
Добавить комментарий