
Македонски | 303
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
uОстрете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
uЕлектричниот алат, дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
uРачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
uПолнете ја батеријата само со полнач наведен од
производителот. Полнач којшто е соодветен за еден
тип сет на батерии може да предизвика опасност од
пожар ако се користи за друг сет на батерии.
uЕлектричните алати користете ги само со
специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да
предизвика опасност од повреда или пожар.
uКога не го користите сетот на батерии, чувајте го
подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или
други помали метални предмети што може да
предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток
спој на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
uПод непредвидени околности, течноста може да
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
uНе употребувајте сет на батерии или алат што е
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
uНе го изложувајте сетот на батерии или алатот на
оган или висока температура. Изложувањето на оган
или на температура повисока од 130°C може да
предизвика експлозија.
uСледете ги сите упатства за полнење и не го
полнете сетот на батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
uЕлектричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
uНикогаш не поправајте оштетени сетови на
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Општи безбедносни предупредувања за
моторни пили
uЧувајте ги сите делови на телото понастрана од
ланецот додека работи. Пред да ја вклучите пилата,
проверете ланецот ништо да не допира. При работа
со пилата, и еден момент на невнимание може да
предизвика ланецот да Ви се заплетка во облеката или
во телото.
uСекогаш држете ја пилата со десната рака на
задната рачка и со левата рака на предната рачка.
Обратното држење на пилата го зголемува ризикот од
повреда и никогаш не треба да се практикува.
uДржете го апаратот само за изолираните површини,
бидејќи ланецот може да дојде во контакт со
скриени кабли. Контактот на ланецот со жици што
спроведуваат струја може да ги наелектризира
металните делови на пилата и да доведе до струен
удар на ракувачот.
uНосете заштитни очила. Се препорачува и носење
на дополнителна заштитна опрема за ушите,
главата, рацете, нозете и стапалата. Соодветна
заштитна облека ќе ја намали опасноста од повреда
предизвикана од отфрлен отпад или случаен допир на
ланецот.
uНе користете ја моторната пила на дрво, скала,
покрив или нестабилна подлога. Работењето со
моторната пила на таков начин може да предизвика
сериозни повреди.
uПри употреба на пилата, секогаш стојте стабилно на
цврста, рамна површина. Лизгавите или нестабилни
површини, како на пример скали, можат да
предизвикаат загуба на рамнотежата и/или загуба на
котрола над пилата.
uКога сечете затегната гранка, внимавајте да не
отскокне. При ослободување на затегнатоста,
гранката може да отскокне и да го повреди ракувачот
и/или да ја исфрли пилата од контрола.
uБидете особено внимателни кога сечете повеќе
гранки одеднаш и фиданки. Мекиот материјал може
да се заплетка во ланецот, да Ве повлече кон себе и да
Ве исфрли од рамнотежа.
uСекогаш носете ја пилата исклучена, држејќи ја за
рачката со ланецот свртен од себе. При транспорт
или складирање, секогаш ставете ја футролата на
ланецот. Исправното ракување со ланецот ќе ја
Bosch Power Tools F 016 L94 153 | (23.06.2021)
Добавить комментарий