
306 | Македонски
симболите и нивното значење. Точната интерпретација
на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го
користите уредот.
Ознака Значење
Внимателно проверете го полето на
коешто ќе работи уредот да нема диви
или домашни животни. Дивите и
домашните животни можат да бидат
повредени за време на употреба на
машината. Проверете го детално
просторот каде ке работите со пилата и
отстранете ги сите камења, гранки,
жици, коски и други предмети.
Правец на движење
Правец на реакција
Тежина
Вклучување
Исклучување
Дозволена функција
Забранети акции
Чујна бучава
Дополнителна опрема/резервни
делови
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните
предупредувања и упатства може да доведе
до електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Видете ги илустрациите на крајот на упатството.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат се користи за режење дрвја и стебла
близу до земјата. Пилата сече вдолж и попреку на
влакната на дрвото.
Овој уред не е соодветен за сечење материјали со
минерален состав.
Овој електричен алат не е наменет за сечење дрвја.
Обем на испорака
Уредот внимателно извадете го од кутијата и проверете
дали се целосни следниве делови:
– Пила
– Покривка
– Ланец
– Меч
– Штитник за ланецот
– Масло за ланецот за сечење
– Упатство за употреба
Батеријата и полначот се вклучени во некои пакети.
Ако нешто недостига или е оштетено, обратете се кај
својот продавач.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Задна рачка (изолирани површини за фаќање)
(2) Прекинувач за вклучување/исклучување
(3) Блокатор на прекинувачот за вклучување/
исклучување
(4) Капак од резерварот за масло
(5) Предна рачка (изолирана површина на дршката)
(6) Заштита за дланките
(7) Мерач на нивото на масло
(8) Забец
(9) Штитник за ланецот
(10) Заштитна водилка
(11) Меч
(12) Ланец
(13) Затегнувачки прстен на синџирот (црвен)
(14) Навртка за прицврстување
(15) Поклопец на запчаници
(16) Приказ за наполнетост на батеријата
(17) Батерија
(18) Копче за отворање на батеријатаa)
(19) Завртка за прицврстување
(20) Диск за ланецот
(21) Отвор за масло
(22) Дихтување на маслото
a) во зависност од државата
Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот
обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во
нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Бежична моторна пила UniversalChain 18
Број на артикл 3600HB8 0..
F 016 L94 153 | (23.06.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий