
Македонски | 305
uУпотребувајте само Бош батерии наменети за овој
уред. Употребата на некои други батерии може да
предизвика повреда или пожар.
uНе ја отворајте батеријата. Постои опасност од
краток спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, вода и влага. Постои опасност
од експлозија.
uКога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви,
шајки, завртки и други метални предмети што
можат да направат спој од едниот до другиот пол.
Краток спој меѓу двата пола може да предизвика
пожар или изгореници.
uДоколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени побарајте
помош од лекар. Пареата може да ги надразни
дишните патишта.
uКористете ја батеријата само во производи од
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
uБатеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
uНе предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
uЗаштитете ја батеријата од влага и вода.
uСкладирајте ја батеријата во граници на температура
од –20 °C bis 50 °C. Не оставајте ја батеријата на
пример во автомобил на лето.
uПовремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Безбедносни напомени за полначи
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните
предупредувања и упатства може да доведе
до електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите безбедносни предупредувања и
упатства за идни консултации.
Користете го полначот само откако ќе ги проучите сите
функции и може да ги примените истите без
ограничувања или откако ќе ги добиете потребните
упатства.
uНе дозволувајте им на деца,
личности со ограничени физички,
сензорни или психички
ограничувања и/или недостаток на
знаење или на личности
незапознаени со ова упатство да го
употребуваат уредот. Државните
прописи можат да ја ограничат
возраста на ракувачот.
uНадгледувајте ги децата. Така ќе
се осигурате дека децата нема да
си играат со полначот.
uПолнете само Bosch литиум-јонски
акумулатори со капацитет од
1,5Ah (од 5 акумулаторски
ќелии). Напонот на батеријата
мора да одговара на напонот за
полнење на батеријата на
полначот. Не пробувајте да
полните батерии кои не се
полнливи. Во спротивно, постои
ризик од пожар и од експлозија.
Полначот држете го подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во полначот
го зголемува ризикот од електричен удар.
uОдржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
uПред секое користење, проверете ги полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку забележите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
uНе го користете полначот на лесно запалива
подлога (на пр. хартија, текстил итн.) одн. во
запалива околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
uНе ги покривајте отворите за проветрување на
полначот. Инаку полначот може да се прегрее и да не
функционира правилно.
uЗа зголемена електрична безбедност, препорачуваме
употреба на уред за резидуална струја со макс. јачина
на струја од 30 mA. Секогаш проверете ја Фи-
заштитната склопка пред употреба.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги
Bosch Power Tools F 016 L94 153 | (23.06.2021)
Добавить комментарий