
Македонски | 205
Олабавете ја заоблената слепа навртка(17) со вртлив
крст(15).
Поставете го сталакот за дупчалка со помош на скала за
подесување на аголот на дупчење(13) на саканиот агол.
За прецизно подесување, внимавајте на стрелката покрај
заоблената слепа навртка(17).
Затегнете ја рачно заоблената слепа навртка(17) со
вртливиот крст(15).
uСталакот за дупчење може да се употреби дури
откако заоблената слепа навртка (17) за
подесување на агол повторно ќе биде затегната.
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
uПред почетокот на работата повикајте го
одговорниот статичар, архитект или надлежните
градежни раководители за да се советувате за
планираното дупчење. Арматури смее да се сечете
само со одобрение на градежен статичар.
uПри дупчење во ѕид или под, неопходно е да
проверите дали во просторијата постојат препреки.
Заклучете го градилиштето и осигурете го јадрото
од дупчењето од паѓање со помош на облога.
Проверка на функцијата на заштитниот уред за
диференцијална струја (PRCD)
Пред секој почеток на работата проверете го правилното
функционирање на заштитниот прекинувач за
диференцијална струја (PRCD)(1):
– Притиснете на копчето TEST на заштитниот
прекинувач за диференцијална струја (PRCD).
Црвениот контролен приказ се гаси.
– Притиснете на копчето RESET. Сега електричниот алат
мора да се изгаси.
Доколку црвениот контролен приказ не се изгаси откако
ќе го притиснете копчето TEST, или постојано се гаси при
вклучување на електричниот алат, електричниот алат
мора да го оставите во сервисната служба на Bosch.
uДоколку заштитниот прекинувач за
диференцијална струја (PRCD) е дефектен,
електричниот алат не смее да се користи.
Вклучување
Притиснете на копчетоRESET на заштитниот прекинувач
за диференцијална струја (PRCD)(1).
Поставете ја запорната славина за вода(5) на проток.
За вклучување на електричниот алат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување(2) во
позиција 1.
Исклучување
За исклучување на електричниот алат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување(2) во
позиција 0.
Завртете ја запорната славина за вода(5). По
завршување на работата извадете го приклучниот
елемент за славината(4) од доводот за вода. Отворете ја
запорната славина за вода(5) и испуштете ја
преостанатата вода.
Ограничување на стартната струја
Електрониката на електричниот алат овозможува мек
старт на моторот и ја спречува превисоката стартна
струја.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја.
За повторно вклучување притиснете на копчетоRESET на
заштитниот прекинувач за диференцијална струја
(PRCD)(1). Прекинувачот за вклучување/
исклучување(2) ставете го во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Бирање на бројот на вртежи
Со прекинувачот за избор на брзина(3) може да
изберете два броја на вртежи.
Постојат препорачани брзини за следните дијаметри на
дупчење:
– 1. брзина: 165–350mm
– 2. брзина: 80–160mm
– 3. брзина: 55–105mm
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При дупчење, олабавете ја сопирачката за
фиксирање(16) додека вртливиот крст(15) не може
малку да се движи. Притоа цврсто држете го вртливиот
крст, за да спречите неконтролирано излизгување на
електричниот алат.
Дупчете во 1.брзина со помал број на вртежи, сè додека
крунестата бургија не почне да се врти во материјалот
без вибрации. Потоа, доколку е неопходно вклучете во 2.
или 3.брзина.
Прилагодете го притисокот при дупчењето на
материјалот. Дупчете со рамномерен притисок.
Повремено повлечете ја бургијата од дупката, за да може
да се отстрани нечистотијата од дупчењето одн.правта од
дијамантските сегменти.
Со вртливиот крст(15) спуштете го надолу електричниот
алат на саканата длабочина на дупчење. Потоа вратете ја
назад, додека крунестата бургија не излезе целосно.
За да се постигне максимално можна работна должина,
мора да го извадите јадрото од дупчењето, штом ќе се
наполни целосно крунестата бургија. Потоа одново
водете ја крунестата бургија во дупката и дупчете додека
не ја постигнете максималната длабочина.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7Y8 | (27.05.2022)
Добавить комментарий