
200 | Македонски
инсталирајте ја подлогата на мазна, чиста и
непорозна површина. Не прицврстувајте на
ламинирани површини, како на пр. плочки и
композитни слоеви. Ако делот што се обработува не е
мазен, рамен или добро прицврстен, подлогата може
да се помести.
uУверете се дека има доволно вакуум, пред и за
време на дупчењето. Ако нема доволно вакуум,
подлогата може да се извади од делот што се
обработува.
uНикогаш не дупчете доколку машината е
прицврстена само со вакуумска подлога, освен при
надолно дупчење. Ако има недостаток на вакуум,
подлогата ќе излезе од делот што се обработува.
uПри дупчење низ ѕидови или тавани, заштитете ги
луѓето околу работната површина. Бургијата може
да навлезе низ дупката, и средината од делот што се
обработува може да падне на другата страна.
uНе го користете овој алат за плафонско дупчење
каде што има вода. Ако влезе вода во електричниот
алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
uКористете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
uНосете чевли што не се лизгаат. На тој начин ќе
избегнете повреди, коишто може да настанат при
лизгање на мазни површини.
uНикогаш не го користете електричниот алат без
испорачаниот заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD).
uПред секој почеток на работата проверете го
правилното функционирање на заштитниот
прекинувач за диференцијална струја (PRCD).
Оштетениот заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD) нека се поправи или
замени од сервисна служба на Bosch.
uОбрнете внимание дека ниту лицата во работниот
простор, ниту електричниот алат не доаѓаат во
допир со водата што излегува.
uНе го оставајте настрана алатот, доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
алати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
uПред да ја ставите дупчалката, правилно
монтирајте го сталакот за дупчалка. Правилната
монтажа е важна, за да се овозможи беспрекорна
функција.
uПрицврстете ја дупчалката на сталакот, пред да
почнете да ја користите. Испаѓањето на машината од
сталакот може да доведе до губење на контролата.
uПрицврстете го сталакот на дупчалката на цврста,
рамна површина. Доколку постои можност сталакот
на дупчалката да се помести или ниша, сталакот на
дупчалката не може да се води рамномерно и
безбедно.
uДржете го приклучниот кабел на дупчалката
подалеку од работното поле. Оштетениот или
свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен
удар.
uНе го оптоварувајте сталакот на дупчалката и не ја
користете како скали или скеле. Преоптоварувањето
или стоењето на сталакот на дупчалката може да
доведе до тоа, тежиштето на сталакот на дупчалката да
се помести нагоре и тој да се преврти.
uСталаците за дупчалка кои не ги користите чувајте
ги подалеку од дофат на деца. Уредот не смее да го
користат лица кои не се запознаени со него или не
ги имаат прочитано овие упатства. Уредите се
опасни, доколку ги користат неискусни лица.
uПред да почнете со работа со сталакот за дупчалка
или дупчалката, во работните паузи, како и во
периодот кога не го употребувате сталакот за
дупчалка, прицврстете го со затегнување на
сопирачката за фиксирање заради заштита од
ненамерно движење.
uЕлектричниот алат смее да се користи само на
струјни мрежи со заштитни спроводници и доволно
димензионирање.
uПри работа секогаш прицврстувајте го стaлакот за
дупчење со типли, вакуум (опрема) или
брзозатегнувачки столбови, за да избегнете
превртување на сталакот за дупчење при поставена
дијамантска дупчалка и крунеста бургија.
uВнимавајте цревата што спроведуваат вода,
местата на спојување и прстенот за собирање на
вода (опрема) да бидат во беспрекорна состојба.
Пред следната употреба, заменете ги оштетените
или изабени делови. Излегувањето на вода од
деловите на електричниот алат го зголемува ризикот
од електричен удар.
uПриклучете го електричниот уред на прописно
заземјена струјна мрежа. Приклучницата и
продолжниот кабел мора да имаат функционален
заштитен проводник.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
1 609 92A 7Y8 | (27.05.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий