
Македонски | 203
Поставете го адаптерот за машината(25) на
електричниот алат така што перата за
прилагодување(24) на адаптерот за машината ќе се
вклопат во соодветните жлебови на електричниот алат.
Вметнете ги четирите завртки(23) на дистанционата
плоча и затегнете ги со клуч со внатрешна шестоаголна
глава (ширина на клучот 6mm).
Олабавете ги ексцентричните болцни(14) со вртливиот
крст(15) и извлечете ги целосно од прифатот на
уредот(27). Закачете го електричниот алат со адаптерот
за машина(25) во прифатот на уредот така што долниот
клун на адаптерот на машината ќе лежи зад долната
болцна на прифатот на уредот.
Склопете го електричниот алат во прифатот за уред и
повторно вметнете ги ексцентричните болцни(14).
Затегнете ги ексцентричните болцни со вртливиот
крст(15).
Поместете го вртливиот крст(15), во зависност од
процесот на дупчење налево или надесно на запченикот
за поместување(26).
uПроверете дали електричниот алат е добро
прицврстен во прифатот за уредот.
За да го извадите електричниот алат од сталакот за
дупчење постапете по обратен редослед.
Дистанциона плоча за дијаметар на дупчење
300−350mm (видисликаC)
За дупки од 300mm до максимум 350mm дијаметар,
дополнително мора да се вметне дистанционата
плоча(29) (опрема).
За таа цел поставете го адаптерот на машината(25) на
дистанционата плоча(29), така што перата за
прилагодување(24) на адаптерот на машината ќе се
вклопат во соодветните жлебови на дистанционата плоча.
За таа цел поставете го адаптерот на машината(29)
вклучително и дистанционата плоча(25) на електричниот
алат, така што перата за прилагодување(31) на
дистанционата плоча ќе се вклопат во соодветните
жлебови на електричниот алат. Поставете ги четирите
завртки(30) на дистанционата плоча и затегнете ги со
клуч со внатрешна шестоаголна глава (ширина на клучот
6mm).
Потоа прицврстете го електричниот алат на сталакот за
дупчење како што е опишано погоре.
Прицврстување на сталакот за дупчалката
Напомена: Прицврстете го сталакот за дупчење без
простор за маневрирање. На тој начин ќе спречите
заглавување на крунестата бургија и кршење на
сегментот.
Во зависност од видот и својствата на подлогата
прицврстете го сталакот за дупчалка со типли, вакуум или
брзозатегнувачки столб на планираното место за
дупчење.
Позиционирање на сталакот за дупчалка пред
прицврстувањето
Нацртајте ја саканата средина на дупката на подлогата.
Обележете ги надворешните димензии на крунестата
бургија, со која сакате да дупчите, и центарот на
средината на дупката.
Прицврстете го сталакот за дупчење (со вметнат
електричен алат) со типла, вакуум или брзозатегнувачки
столб така што монтираната крунеста бургија ќе биде
усогласена со исцртаните димензии.
Прицврстување со типла (видисликаD)
Издупчете посебна дупка за прицврстување на сталакот
за дупчалка со типла (опрема) во ѕидни конструкции или
бетон.
Растојание меѓу дупката за типлата– средина на
планираната дупка
оптимално 285mm
можно 275–375mm
За дупката за типла важат следните димензии::
Дијаметар Длабочина
Ѕид 20mm 85mm
Бетон 16mm 50mm
Ставете типла за бетон со раздвоен клин одн. ѕидна
типла(32). Завртете го брзозатегнувачкото вретено(33)
во типлата.
Ставете го сталакот за дупчалка и една подлошка и
завртете ги со пеперутка-навртката(34). По
нивелирањето затегнете ја пеперутка навртката со
вилушкаст клуч (ширина на клучот 27mm).
Прицврстување со вакуум (опрема)
За прицврстување на сталакот за дупчалка со вакуум,
потребни Ви се обична вакуум пумпа иBosch сет за
вакуумирање (опрема).
Вакуум пумпата мора да ги исполнува следните услови:
Волуменски проток: 6m3/h
Вакуум најмалку: 80% (−800mbar)
За прицврстување со вакуум, подлогата мора да биде
мазна и рамна. Поставување на малтер или ѕидни
конструкции не е дозволено.
Откако ќе ја воспоставите вакуумската врска, поставете
ги завртките за нивелирање(18) на подлогата, за да
може сталакот за дупчење цврсто да се постави и малку
да се отпушти прстенот за дихтување. Инаку сталакот за
дупчалка нема добро да се прицврсти на прстенот за
дихтување.
Прочитајте ги упатствата за користење пред да ги
приклучите вакуум пумпата иBosch сетот за
вакуумирање.
uНеопходно е да внимавате на безбедносните и
работните напомени за вакуум пумпата и Bosch
сетот за вакуумирање!
Bosch Power Tools 1 609 92A 7Y8 | (27.05.2022)
Добавить комментарий