
204 | Македонски
Прицврстување со брзозатегнувачки столб
(видисликаE)
Сталакот за дупчалка може да го прицврстите со
брзозатегнувачки столб од Bosch (опрема) помеѓу подот
и плафонот. Подрачјето на затегнување лежи помеѓу
1,7m и 3m.
Едниот крај на брзозатегнувачкиот столб ставете го на
подната плоча на сталакот за дупчалка. Површината за
поставување на плафонот за другиот крај на
брзозатегнувачкиот столб мора да биде доволно
стабилна и обезбедена од превртување.
Прочитајте го упатството за употреба за прицврстување
на брзозатегнувачкиот столб.
Нивелирање (не важи при прицврстување со вакуум)
Завртете ги одн, одвртете ги завртките за
нивелирање(18) поединечно, додека не се израмни
прецизно либелата(28) (при вертикална монтажа).
Сега фиксирајте го сталакот за дупчалка со типлата или
брзозатегнувачкиот столб.
Ставање/менување на крунестата бургија
uПред да почнете со работа со сталакот за дупчалка
или дупчалката, во работните паузи, како и во
периодот кога не го употребувате сталакот за
дупчалка, прицврстете го со затегнување на
сопирачката за фиксирање заради заштита од
ненамерно движење.
Ставање на крунестата бургија
uПред да ги употребите, проверете ги крунестите
бургии. Користете само беспрекорни крунести
бургии. Оштетените или деформираните круни за
дупчење може да доведат до опасни ситуации.
Пред да ја ставите, исчистете ја крунестата бургија.
Подмачкајте го малку навојот на крунестата бургија или
испрскајте го со средство за заштита од корозија.
Навртете 11/4"-UNC-крунеста бургија(6) на вретеното
за дупчење(7).
uПроверете дали е крунестата бургија е цврсто
вметната. Доколку круните за дупчење се погрешно
или не се сигурно зацврстени, може да се олабават за
време на работењето и да предизвикаат опасност.
Вадење на крунестата бургија
uПри менувањето на крунестата бургија носете
заштитни ракавици. При подолготрајна употреба,
круната за дупчење може да се вжешти.
Олабавете ја крунестата бургија(6) со вилушкаст клуч
(ширина на клучот 41mm). Притоа, со друг вилушкаст
клуч (ширина на клучот 32mm) држете го вториот раб на
вретеното за дупчење(7) во спротивен правец.
Брзо-ослободувачкиот елемент(8) го олеснува
ослободувањето на крунестата бургија(6).
Приклучување на систем за ладење на вода
Доколку крунестите бургии за мокро дупчење не се ладат
доволно за време на дупчењето, дијамантските сегменти
може да се оштетат или крунестата бургија може да се
блокира во дупката. Затоа, при мокро дупчење
овозможете доволен довод на вода.
При зголемување на постоечката дупка, таа мора
внимателно да се затвори, за да се овозможи
беспрекорно ладење на крунестата бургија.
uПриклучените црева, запорните вентили или
опрема не смеат да го попречуваат процесот на
дупчење.
Затворете ја запорната славина за вода(5). Приклучете
цевка за довод на вода на приклучниот елемент на
славината(4). Приклучувањето на цевката за довод на
вода е возможно од мобилен сад за вода под притисок
(опрема) или од стационарен приклучок за вода.
За да ја соберете водата што излегува од дупката при
мокро дупчење, употребете прстен за собирање на вода
и всисувач за мокро/суво всисување (двете ќе ги најдете
како опрема).
Монтирање на прстен за собирање на вода до
всисувањето на вода (види сликаF)
Прстенот за собирање на вода (види „Опрема/резервни
делови“, Страница206) е предвиден за употреба со
сталак за дијамантска дупчалка GCR350 и дијамантска
дупчалка GDB350WE.
Исечете еден отвор во саканиот дијаметар на дупчење во
заптивниот поклопец.
Вметнете ја затегнувачката пружина(35) до крај во
процепот меѓу подната плоча(19) и столбот на
дупчалката(21). Внимавајте свитканиот дел на
затегнувачката пружина да покажува надолу.
Поставете го прстенот за собирање на вода и легнете ја
затегнувачката пружина на потпорните точки на прстенот
за собирање на вода. (Окцата на краевите на
затегнувачката пружина служат за влечење на истата
нагоре.)
Со помош на затегнувачката сила на пружината прстенот
за собирање на вода со неговиот дихтунг ќе се притиснат
на подлогата и ќе го спречат протекувањето на вода со
вакуумот на всисувачот за мокро/суво всисување.
Прстенот за собирање вода може да се врти во неговиот
затегнувачки прстен, за да ги доведете млазниците за
вшмукување во саканата позиција (на пр. за да го
оптимирате одводот на вода при хоризонтално дупчење).
За таа цел отворете го затворачот на затегнувачкиот
прстен на прстенот за собирање на вода, свртете го
прстенот за собирање вода и повторно затворете го
затворачот.
Употреба
Промена на аголот на дупчење
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uПо секое поместување на сталакот за дупчење,
повторно затегнете ги сите завртки.
1 609 92A 7Y8 | (27.05.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий