
88 | Македонски
Контрола на линиите за сечење кај сечења под агол
(PST900PEL/PST9500PEL)
(30) (13) (14) (8) (31) (25)
За контролата на линиите на сечење на контролниот
прозорец за CutControl (13) има ознака (30) за
правоаголниот засек со 0° и по една ознака (31) за аголот
на закосување со 45° кон десно и кон лево соодветно на
скалата (25).
Ознака за сечење за аголот на закосување меѓу 0° и 45°
се пресметува пропорционално. Таа може дополнително
да се нанесе на контролниот прозорец за CutControl
(13) со неперманентен маркер и повторно да се
отстрани.
За прецизно работење најдобро е да направите пробен
рез.
Контрола на линиите за сечење кај сечења под агол
(PST1000PEL)
(31) (13) (14) (25) (8) (32) (12) (25)
За контролата на линиите на сечење на контролниот
прозорец за CutControl (13) има ознака (30) за
правоаголниот засек со 0° и по една ознака (31) за аголот
на закосување со 45° кон десно и кон лево соодветно на
скалата (25).
При прицврстување на контролата на линиите за сечење
со основата за CutControl (14) на основната плоча (8)
важи внатрешното означување (31).
При прицврстување на контролниот прозорец за
CutControl (13) директно на лизгачката папуча (12)
важи надворешното означување (32).
Ознака за сечење за аголот на закосување меѓу 0° и 45°
се пресметува пропорционално. Таа може дополнително
да се нанесе на контролниот прозорец за CutControl
(13) со неперманентен маркер и повторно да се
отстрани.
За прецизно работење најдобро е да направите пробен
рез.
Поместување на основната плоча
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја
поместите основната плоча (8).
PST 900 PEL/PST 9500 PEL (види слика H):
– Извадете го депото за сечило за пила (22) од
основната плоча (8).
– Олабавете ја завртката (26) и вметнете ја основната
плоча (8) до крај во правец на млазниците за
всисување (4).
– Повторно затегнете ја завртката (26).
PST 1000 PEL (види слика I):
– Отворете ја затегнувачката рачка (7) на основната
плоча и вметнете ја истата (8) до крај во правец на
млазниците за всисување (4).
– Затворете ја затегнувачката рачка (7), за да ја
фиксирате основната плоча во поставената позиција.
Сечењето со поместена основна плоча (8) е можно само
со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа, не смеат да се
користат контролата на линиите на сечење CutControl со
основата (14), паралелниот граничник со кружен
отсекувач (28) (опрема) како и заштитата од кинење
(23).
Уред за оддувување на струготините
Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на
струготини може да се одржува чиста линијата на резот
од струготини.
Вклучување на уредот за оддувување
на струготини: За работење со многу
струготини во дрво, пластика и сл.
свртете го прекинувачот (10) во
правец на млазниците за всисување.
Исклучување на уредот за
оддувување на струготини: За
работење во метал, како и при
приклучен всисувач на прашина
свртете го прекинувачот (10) во
правец на сечилото за пила.
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Вклучување на LED-работното светло
Работното светло (15) ја подобрува видливоста на
самото работно место. Можете да постигнете особено
добри резултати од сечењето со користење на работното
светло со контролата на линиите за сечење CutControl.
Работното светло го вклучувате (15) со лесно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (3). Доколку го притиснете посилно
прекинувачот за вклучување/исклучување, ќе се вклучи
1 609 92A 683 | (17.02.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий