
86 | Македонски
Бирање на сечилото за пилата
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за пила
со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило). Сечилото за
пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за
пила.
Вметнување на сечило за пила (види сликаA)
uИсчистете го сечилото на листот за пила пред
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
Евентуално извадете го заштитниот капак (11) (види
„Заштитен капак (види сликаG)“, Страница87).
Вметнете го сечилото за пила (20) со запците во правец
на резот, додека не се вклопи во прифатот за сечило за
пила (17). SDS-рачката (18) автоматски скокнува
наназад и сечилото за пила се деблокира. Не го
притискајте рачката (18) со раката наназад, инаку
можете да го оштетите електричниот алат.
При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа
задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (19).
uПроверете дали е стабилно сечилото за пила.
Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и
да Ве повреди.
Вадење на сечило за пила (види сликаB)
uПри вадењето на сечилото за пила држете го
електричниот алат така што нема да се повредат
лица или животни со исфрленото сечило.
Свртете ја SDS-рачката (18) нанапред до крај во правец
на заштитата од допир (21). Сечилото за пила ќе се
отпушти и ќе се исфрли.
Депо за сечило за пила (PST900PEL/PST9500PEL)
(видисликаC)
Во депото за сечила за пила (22) можете да чувате до
шест сечила со должина до 110mm. Вметнете ги
сечилата за пила со сечило со еден заоблен дел
(T‑сечило) во процепот предвиден за нив во депото за
сечила за пила. Може да бидат поставени едно преку
друго до три сечила за пила.
Затворете го депото за сечила за пила и вметнете го до
крај во процепот на основната плоча (8).
Лизгачка папуча (PST1000PEL)
При обработка на чувствителни површини можете да ја
ставите лизгачката папуча (12) на основната плоча (8),
за да спречите гребење на површината.
При поставување на лизгачката папуча (12) закачете ја
напред на основната плоча (8), притиснете ја позади
нагоре и оставете да се вклопи.
Заштита од кинење (опрема)
Заштитата од кинење (23) (опрема) може да спречи
кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
сечила за пила и со агол на резот од 0°. Основната плоча
(8) при сечење со заштита од кинење не смее да се
поместува наназад за сечење блиску до работ.
Притиснете ја заштитата од кинење (23) од долу во
основната плоча (8).
PST1000PEL (види слика D): При употреба на лизгачка
папуча (12) заштитата од кинење (23) не се вметнува во
основната плоча (8), туку во лизгачката папуча.
Контрола на линијата на сечење CutControl
Контролата на линиите на сечење CutControl
овозможува прецизно водење на електричниот алат долж
означената линија за сечење на делот што се обработува.
На CutControl припаѓаат контролниот прозорец (13) со
ознаките за сечење и основата (14) за прицврстување на
електричниот алат.
Прицврстување на CutControl на основната плоча
(види слика E)
Прицврстете го контролниот прозорец за CutControl
(13) во држачите на основата (14). Потоа лесно склопете
ја основата и оставете ја да се вклопи во водилката (24)
на основната плоча (8).
Прицврстување на CutControl на лизгачката папуча
(PST1000PEL) (видисликаF)
Кај овој систем на контролата на линиите за сечење
контролниот прозорец CutControl (13) може да се
прицврсти или заедно со основата (14) на основната
плоча (8) или одделно директно на држачите на
лизгачката папуча (12).
Отстранете ја основата за CutControl (14) од основната
плоча (8). За тоа лесно склопете ја основата и извадете ја
од водилката (24).
Извлечете го контролниот прозорец за CutControl (13)
од основата (14) и прицврстете го на држачите на
лизгачката папуча (12).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
1 609 92A 683 | (17.02.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий