
Македонски | 87
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Заштитен капак (види сликаG)
Монтирајте го заштитниот капак (11), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Ставете го заштитниот капак (11) на електричниот алат на
тој начин што ќе се вклопат држачите во процепите на
куќиштето.
Извадете го заштитниот капак (11) за работење без
всисувач за прашина како и за сечење под агол. За тоа
притиснете го капакот на висина на надворешните
држачи и извлечете го нанапред.
Приклучување на всисувач за прав
Вметнете го адаптерот за всисување(5) (опрема) на
црево за всисување(6) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување(5) со млазниците за всисување(4) на
електричниот алат и цревото за всисување(6) со
всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (23).
Исклучете го уредот за оддувување на струготините, ако
го имате приклучено всисувачот за прашина.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (9) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
нема осцилации
мали осцилации
средни осцилации
големи осцилации
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво во правец
на влакната може да се работи со максимално
осцилирање.
Подесување на закосениот агол
Основната плоча (8) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитниот капак (11) и заштитата од кинење (23) не
можат да се вметнат при сечење со закосување.
Евентуално извадете го заштитниот капак (11) (види
„Заштитен капак (види сликаG)“, Страница87) и
извадете ја заштитата од кинење (23) (види „Заштита од
кинење (опрема)“, Страница86).
PST 900 PEL/PST 9500 PEL (види сликаH):
– Извадете го депото за сечило за пила (22) од
основната плоча (8).
– Олабавете ја завртката (26) и лесно притиснете ја
основната плоча (8) во правец на млазниците за
всисување (4).
– За подесување на прецизен агол на косо сечење,
основната плоча од десната и левата страна има точки
за вклопување на 0°, 22,5° и 45°. Навалете ја
основната плоча (8) согласно скалата (25) во саканата
позиција. Другите агли на косо сечење може да се
подесат со помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (8) до крај во
правец на сечилото за пила (20).
– Повторно затегнете го шрафот (26).
PST 1000 PEL (види сликаI):
– Отворете ја затегнувачката рачка (7) на основната
плоча и лесно вметнете ја истата (8) во правец на
млазниците за всисување (4).
– За подесување на прецизен агол на косо сечење,
основната плоча од десната и левата страна има точки
за вклопување на 0°, 22,5° и 45°. Навалете ја
основната плоча (8) согласно скалата (25) во саканата
позиција. Другите агли на косо сечење може да се
подесат со помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (8) до крај во
правец на сечилото за пила (20).
– Затворете ја затегнувачката рачка (7), за да ја
фиксирате основната плоча во поставената позиција.
Bosch Power Tools 1 609 92A 683 | (17.02.2021)
Добавить комментарий