Bosch POF 1200 AE

Данная инструкция на русском языке предназначена для фрезерной машины Bosch POF 1200 AE, описывает принцип работы и основные моменты эксплуатации устройства. Перед первым включением рекомендуется внимательно изучить данное руководство.

Инструкция для фрезерной машины представлена в формате PDF, который поддерживается на всех современных устройствах, так что сложностей с открытием файла возникнуть не должно. Но если открыть документ не получается, установите любую программу для чтения PDF файлов, например Acrobat Reader.

Чтобы распечатать инструкцию, нужно ее сначала скачать, для этого кликните по кнопке «Скачать инструкцию», файл откроется в новой вкладке, затем нажмите комбинацию клавиш Сtrl + P и из открывшегося диалогового окна, отправьте документ на печать.

Страницы: Стр:
82 | Македонски
Подесување на длабочината на глодање
(видисликаD)
Подесувањето на длабочината на глодање смее да се
врши само доколку електричниот алат е исклучен.
За грубо подесување на длабочината на глодање
постапете на следниот начин:
Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го
на делот што се обработува.
POF 1400 ACE: со вртливото копче(18) поставете ги
границите на фино подесување на средината. Свртете
го вртливото копче(18), додека не се поклопат
ознаките(19) како што е прикажано на сликата. Потоа
свртете ја скалата(17) на 0.
(19)
Градираниот граничник(9) поставете го на најнизок
степен; се слуша кога градираниот граничник ќе се
вклопи.
POF 1200 AE: завртете ги одн. одвртете ги до
половина завртките за подесување на градираниот
граничник(24).
Олабавете ја пеперутка-завртката на граничникот за
длабочина(11), така што граничникот за
длабочина(13) ќе може слободно да се движи.
Притиснете го затезниот лост за фиксирање на
длабочината на глодање(16) во правец на вртење и
водете ја површинската глодалка надолу, додека
глодалката(21) не ја допре површината на делот за
обработување. Повторно отпуштете го затезниот лост
за фиксирање на длабочината на глодање(16) за да ја
фиксирате оваа длабочина на вдлабнување. Доколку е
потребно, притиснете го затезниот лост за фиксирање
на длабочината на глодање(16) во правец на
вртење за трајно да го фиксирате.
Притиснете го граничникот за длабочина(13) надолу,
додека не легне на градираниот граничник(9).
Лизгачот со индексна ознака(12) поставете го на
позиција 0 на скалата за длабочина на глодање(14).
Поставете го граничникот за длабочина(13) на
саканата длабочина за глодање и зацврстете ја
пеперутка-завртката на граничникот за
длабочина(11). Внимавајте на тоа, лизгачот со
индексната ознака(12) да не го поместувате повеќе.
Притиснете го затезниот лост за фиксирање на
длабочината на глодање(16) во правец на вртење и
водете ја површинската глодалка во најгорната
позиција.
При големи длабочини на глодање треба да се направат
повеќе процеси на обработка со помало вадење
струготини. Со помош на градираниот граничник(9)
може да го поделите процесот на глодање на повеќе
степени. Притоа, подесете ја саканата длабочина на
глодање со најнизок степен на градираниот граничник и
за првиот процес на обработка изберете го највисокиот
степен.
POF 1200 AE: растојанието помеѓу степените може да се
промени со вртење на завртките за подесување(24).
Подесување на длабочината на глодање
(POF1400ACE)
По пробата за глодање, со вртење на вртливото
копче(18) можете да ја подесите длабочината на
глодање точно на саканите димензии; свртете во правец
на стрелките на часовникот за зголемување на
длабочината на глодање, а за намалување на
длабочината на глодање свртете во правец спротивен на
стрелките на часовникот. Скалата(17) служи за
ориентација. Едно вртење одговара на должина на
подесување од 2,0mm, една од цртичките на горниот раб
на скалата(17) одговара на промена на должината на
подесувањето за 0,1mm. Максималната должина на
подесување изнесува ±8mm.
Пример: потребната длабочина на глодање треба да
изнесува 10,0mm, а при пробното глодање сте измериле
длабочина од 9,6mm.
Подигнете ја површинската глодалка и поставете на
пр. малку дрвени остатоци под лизгачката плоча(7),
така што глодалката(21) нема да го допира делот што
се обработува при спуштањето. Притиснете го
затезниот лост за фиксирање на длабочината на
глодање(16) во правец на вртење и полека водете
ја површинската глодалка надолу, додека граничникот
за длабочина(13) не легне на градираниот
граничник(9).
Свртете ја скалата(17) на 0 и олабавете ја пеперутка-
завртката(11).
Свртете го вртливото копче(18) за 0,4mm/4цртички
(разлика од зададената и реалната вредност) во
правец на стрелките на часовникот и затегнете ја
пеперутка-завртката(11).
Проверете ја избраната длабочина на глодање со уште
едно пробно глодање.
По поставувањето на длабочината на глодање, не ја
менувајте веќе позицијата на лизгачот(12) на
граничникот за длабочина(13), за да може во секое
време да ја прочитате моменталната длабочина на
скалата(14).
Фино подесување на длабочината на глодање (POF
1200 AE)
Со градираниот граничник(9) можете однапред да
подесувате различни длабочини на глодање.
Подесувањето се врши согласно претходно опишаната
постапка со таа разлика што со вртење на завртките за
1 609 92A 66W | (25.03.2021) Bosch Power Tools
Страницы: Стр: 53
Комментарии (0)

Добавить комментарий

Другие Фрезерные машины Bosch