
80 | Македонски
Површинска глодалка POF 1200 AE POF 1400 ACE
Број на вртежи во празен од min−1 11000–28000 11000–28000
Одредување на број на вртежи ● ●
Константна електроника – ●
Приклучок за всисувачот за прав ● ●
Прифат на алатот mm
инчи 6/8
¼6/8
¼
Подигање на корпата на глодалката mm 55 55
Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014 kg 3,4 3,5
Класа на заштита /II /II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата
во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN62841-2-17.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со A
типично изнесува: 88dB(A); ниво на звучна јачина
99dB(A). Несигурност K= 3dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
EN62841-2-17: ah=6m/s2, K=2m/s2.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вметнување на глодалката (видисликаA)
uПри ставање и менување на глодалката се
препорачува носење на заштитни ракавици.
Според целта на примената, глодалките се достапни во
најразлична изведба и квалитет.
Глодалките од висококвалитетен челик за брзо
сечење (HSS) се погодни за обработка на меки
материјали како на пр. меко дрво и пластика.
Глодалките за сечење на цврст метал (HM) се
специјално наменети за цврсти и абразивни материјали
како на пр. цврсто дрво и алуминиум.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема
од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Употребувајте само беспрекорни и чисти глодалки.
– Преклопете ја надолу заштитата од струготини(5).
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното(3) и
држете го притиснато. Доколку е потребно, свртете го
вретеното на моторот, додека не се фиксира.
– Олабавете ја претурната навртка(25) со вилушкаст
клуч(26) (ширина на клучот 19mm) со вртење во
правец➊.
– Ставете го алатот за глодање во затезната чаура.
Вратилото на глодалката мора да биде вметнато
најмалку 20mm во затезната чаура.
– Цврсто затегнете ја претурната навртка(25) со
вилушкаст клуч(26) (ширина на клучот 19mm) со
вртење во правец ➋. Отпуштете го копчето за блокада
на вретеното(3).
– Преклопете ја заштитата од струготини(5) нагоре.
uБез монтирана копирна чаура, не поставувајте
глодалка со дијаметар поголем од42mm. Овие
алати за глодање не поминуваат низ основната плоча.
uВо никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура
со навртка за осигурување, доколку не е монтирана
глодалка. Инаку, затегнувачката чаура може да се
оштети.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
1 609 92A 66W | (25.03.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий