Bosch POF 1200 AE

Данная инструкция на русском языке предназначена для фрезерной машины Bosch POF 1200 AE, описывает принцип работы и основные моменты эксплуатации устройства. Перед первым включением рекомендуется внимательно изучить данное руководство.

Инструкция для фрезерной машины представлена в формате PDF, который поддерживается на всех современных устройствах, так что сложностей с открытием файла возникнуть не должно. Но если открыть документ не получается, установите любую программу для чтения PDF файлов, например Acrobat Reader.

Чтобы распечатать инструкцию, нужно ее сначала скачать, для этого кликните по кнопке «Скачать инструкцию», файл откроется в новой вкладке, затем нажмите комбинацию клавиш Сtrl + P и из открывшегося диалогового окна, отправьте документ на печать.

Страницы: Стр:
Македонски | 81
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на адаптер за всисување (видисликаB)
Адаптерот за всисување(28) може да се монтира
нанапред или наназад со помош на приклучокот за
црево. При монтажа со приклучок на црево од напред
мора најпрво да се извади заштитата од струготини(5).
Прицврстете го адаптерот за всисување(28) со 2завртки
со нарецкана глава(29) на основната плоча(6).
Заради обезбедување на оптимално всисување,
адаптерот за всисување(28) мора редовно да се чисти.
Приклучување на всисувач за прав (видисликаB)
Прикачете го цревото за всисување (Ø 35mm)(27)
(опрема) на монтираниот адаптер за всисување.
Поврзете го цревото за всисување(27) со всисувач за
прав (опрема).
Електричниот алат може да се приклучи директно на
приклучницата на Bosch-универзален всисувач со уред
за далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот алат.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Монтирање на заштитата од струготини
(видисликаC)
Поставете ја заштитата од струготини(5) од напред во
водилката, додека не се вклопи. За да ја извадите
заштитата од струготини, фатете ја странично и извлечете
ја нагоре.
Употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Ставање во употреба
Бирање на бројот на вртежи
Со вртливото копче на бројот на вртежи(23) може да го
изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на алатот.
1−2 Низок број на вртежи
3−4 Среден број на вртежи
5−6 Висок број на вртежи
Прикажаните вредности во табелата се референтни
вредности. Неопходниот број на вртежи зависи од
материјалот и работните услови и може да се одреди при
практична примена.
Материјал Дијаметар на
глодалката [mm] Позиција на
вртливото копче
за подесување
Цврсто дрво
(бука) 4–10
12–20
22–40
5–6
3–4
1–2
Меко дрво (бор) 4–10
12–20
22–40
5–6
3–6
1–3
Иверки 4–10
12–20
22–40
3–6
2–4
1–3
Пластика 4–15
16–40 2–3
1–2
Алуминиум 4–15
16–40 1–2
1
Вклучување/исклучување
Пред вклучувањето, поставете ја длабочината на
глодање.
За вклучување на електричниот алат, најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување(1) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување(22) и држете го притиснат.
POF1400ACE: сијаличката го осветлува полето на
глодање.
За исклучување, отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување(22).
POF1400ACE: сијаличката полека се гаси.
Напомена: поради безбедносни причини, прекинувачот
за вклучување/исклучување(22) не може да се блокира,
туку мора постојано да се држи притиснат за време на
работата.
Константна електроника
POF1400ACE
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Bosch Power Tools 1 609 92A 66W | (25.03.2021)
Страницы: Стр: 52
Комментарии (0)

Добавить комментарий

Другие Фрезерные машины Bosch