
Македонски | 85
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (1) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(2) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (2) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Сопирачка за исфрлување од брзина
Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го
намалува вибрирањето на сечилото за пила по
исклучување на електричниот алат.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
Совети при работењето
Заштитете ги сечилата за пила од удари.
Водете го електричниот алат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на истиот.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на сечилото
за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила
за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават
должински или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е
особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач
за прав.
Сечење на обоени метали
Напомена: Користете остро сечило за пила погодно
исклучиво за обоени метали. Ова овозможува чист рез и
го спречува заглавувањето на сечилото за пила.
Водете го вклучениот електричен алат на делот што се
обработува и внимателно сечете го. Работете на крај со
мало движење напред и продолжете без прекини.
При сечење на профили, секогаш започнувајте со
сечење на потесната страна, кај U-профили не почнувајте
на отворената страна. Зацврстете ги долгите профили, за
да избегнете заглавување на сечилото за пила и повратен
удар на електричниот алат.
Сечење со паралелен граничник (види слика F)
Паралелниот граничник (10) овозможува прецизни
резови по должината на делот што се обработува, како на
пример сечење на ленти со исти димензии.
Олабавете ја пеперутка-завртката (11) и турнете ја
скалата на паралелниот граничник (10) низ отворот на
основната плоча (7). Поставете ја саканата ширина на
резот како вредност на скалата на соодветните ознаки за
сечење (27) одн. (28), види дел „Ознаки за сечење“.
Повторно зацврстете ја пеперутка завртката (11).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
uОдржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се движи
слободно и да се затвора. Пределот околу осцилаторниот
заштитен капак секогаш треба да биде чист. Отстранете ја
правта и струготините со издувување со компресиран
воздух или со четка.
Необложените сечила за пила може да се заштитат од
корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред
сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки
на дрвото.
Остатоците од смола и лепак на сечилото за пила го
нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги
сечилата за пила веднаш по употребата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Bosch Power Tools 1 609 92A 4SK | (25.02.2021)
Добавить комментарий