
84 | Македонски
uВо никој случај не користете дискови за брусење
како алат за вметнување.
uКористете само листови на пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
EN847-1 и се соодветно означени.
Бирање на сечилото за пила
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Демонтирање на сечилото за пила (види слика C)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот алат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (19) и
држете го притиснато.
uКопчето за блокирање на вретеното (19)
активирајте го само доколку вретеното на пилата е
во состојба на мирување. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (24) одвртете
ја затезната завртка (23) во правец на вртење ➊.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(9) и држете го цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница (22) и сечилото за
пилата (8) од вретеното на пилата (20).
Монтирање на сечилото за пила (види слика C)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот алат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Исчистете го сечилото за пила (8) и сите стезни делови
што се монтираат.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(9) и држете го цврсто.
– Поставете го сечилото за пила (8) на приклучната
прирабница (21). Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитниот капак (9).
– Поставете ја стезната прирабница (22) и затегнете ја
затезната завртка (23) во правец на вртење ➋.
Внимавајте на правилна положба на монтирање на
приклучната прирабница (21) и стезната прирабница
(22).
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (19) и
држете го притиснато.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (24) затегнете
ја стезната завртка (23) во правец на вртење ➋.
Затезниот момент треба да изнесува 6–9Nm, што
одговара на рачно затегнување плус ¼ вртење.
Работа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Начини на работа
Подесување на длабочината на сечење (види слика D)
uПодесете ја длабочината на сечење на дебелината
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
Олабавете ја пеперутка-завртката (25). За помала
длабочина на сечење подигнете го електричниот алат од
основната плоча (7), а за поголема притиснете го кон
основната плоча (7). Саканата димензија подесете ја на
скалата за длабочина на сечење (26). Повторно затегнете
ја пеперутка-завртката (25).
Подесување на закосениот агол
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната
страна на заштитниот капак (5).
Олабавете ја пеперутка-завртката (13). Навалете ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата (14). Повторно затегнете ја пеперутка-завртката
(13).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (26).
Ознаки за сечење (види слика E)
Контролното прозорче „CutControl“ (12) што се отвора
нанапред служи за прецизно водење на кружната пила по
направената линија за сечење на делот што се
обработува. Контролното прозорче „CutControl“ (12) има
по една ознака за правоаголно сечење и за сечење под
агол од 45°.
Ознаката за сечење 0° (27) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за
сечење 45° (28) ја прикажува позицијата на сечилото за
пила при сечење под 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата.
Најдобро е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Вметнете ја наполнетата батерија (3) во електричниот
алат, додека не се заклучи.
1 609 92A 4SK | (25.02.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий