
Македонски | 81
uПотпрете ги големите делови што се обработуваат
за да го намалите ризикот од приклештување или
одбивање на сечилото. Големите делови што ги
обработувате се искривуваат под својата тежина.
Потпирачите мора да се стават под двете страни на
делот што го обработувате, покрај линијата на засекот
и покрај работ на делот што го обработувате.
uНе користете тапи или оштетени сечила.
Ненаострени или несоодветно поставени сечила
прават тесни засеци создавајќи прекумерно триење,
извиткување на сечилото или одбивање.
uДлабочината на сечилото и рачките за
прилагодување на косината мора да се прицврстат
и да се осигураат пред да се направи засекот. Ако
прилагоденото сечило се подигне за време на
сечењето, може да предизвика навалување и
одбивање.
uОбрнете дополнително внимание при сечење во
постоечки ѕидови или други празнини. Испакнато
сечило може да пресече предмети кои може да
предизвикаат одбивање.
Функција на долен заштитен поклопец
uПред секоја употреба проверете дали е правилно
затворен долниот штитник. Не работете со пилата
доколку долниот штитник не може слободно да се
движи и веднаш се затвора. Никогаш не го стегајте
или не го врзувајте долниот штитник додека е
отворен.Ако пилата случајно падне, долниот штитник
може да се извитка. Подигнете го долниот штитник со
повлекување на рачката, и уверете се дека слободно
се движи, и не го допирајте сечилото ниту некој друг
дел, на аглите и длабочината на засекот.
uПроверете ја работата на пружината на долниот
заштитен поклопец. Доколку заштитниот поклопец
и пружината не функционираат правилно, мора да
се сервисираат пред употреба. Долниот заштитен
поклопец може побавно да работи поради оштетени
делови, лепливи наслаги или наталожена нечистотија.
uДолниот штитник може рачно да се повлече за
одредени засеци, како што се „убодни засеци“ и
„аголни засеци”. Подигнете го долниот штитник со
повлекување на рачката, и кога сечилото ќе го
пробие материјалот, долниот штитник мора да се
отпушти.За сите останати засеци, долниот штитник
автоматски ќе работи.
uСекогаш внимавајте долниот штитник да го
покрива сечилото пред да ја спуштите пилата на
работна маса или на под.Незаштитено, разлабавено
сечило ќе предизвика враќање на пилата наназад, и
сечење на сѐ со што ќе дојде во допир. Внимавајте на
времето што му е потребно на сечилото откако
прекинувачот ќе се ослободи.
Дополнителни безбедносни напомени
uНе ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може
да се повредите од ротирачките делови.
uНе работете со пилата над глава. Тогаш немате
доволна контрола врз електричниот алат.
uКористете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
uПри работата, држете го електричниот алат цврсто
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
uНе го фиксирајте електричниот алат. Тој не е
предвиден за работа на маса за сечење.
uПри „длабински рез“ и неаголни резови треба да се
постави водилката на пилата за да го спречи
страничното поместување. Страничното
поместување може да доведе до заглавување на
листот на пилата и до повратен удар.
uЗацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
uНе користете листови за пила од HSS-челик. Таквите
листови на пила може лесно да се скршат.
uНе сечете железни метали. Струготините би можеле
да го запалат вшмукувачот за прав.
uНосете маска за заштита од прав.
uПри оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
uНе ја отворајте батеријата. Постои опасност од
краток спој.
uБатеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
uКористете ја батеријата само во производи од
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Bosch Power Tools 1 609 92A 4SK | (25.02.2021)
Добавить комментарий