Bosch GDB 180 WE

Данная инструкция на русском языке предназначена для дрели Bosch GDB 180 WE, описывает принцип работы и основные моменты эксплуатации устройства. Перед первым включением рекомендуется внимательно изучить данное руководство.

Инструкция для дрели представлена в формате PDF, который поддерживается на всех современных устройствах, так что сложностей с открытием файла возникнуть не должно. Но если открыть документ не получается, установите любую программу для чтения PDF файлов, например Acrobat Reader.

Чтобы распечатать инструкцию, нужно ее сначала скачать, для этого кликните по кнопке «Скачать инструкцию», файл откроется в новой вкладке, затем нажмите комбинацию клавиш Сtrl + P и из открывшегося диалогового окна, отправьте документ на печать.

Страницы: Стр:
140 | Македонски
Завртете ја пеперутка-завртката за подесување на
дополнителната дршка(5) во правец спротивен на
стрелките на часовникот и свртете ја дополнителната
дршка(8) во саканата позиција. Потоа зацврстете ја
пеперутка-завртката(5) во правец на стрелките на
часовникот.
uПред да извршите било што, проверете дали е
зацврстена пеперутка-завртката. Губењето на
контролата може да доведе до повреди.
Ставање/менување на крунестата бургија
Избирање на крунеста бургија
Крунестите бургии од Bosch се означени со боја:
Крунести бургии за мокро дупчење: сино
Крунести бургии за суво дупчење: светлосива
Ставање на крунестата бургија
uПред да ги употребите, проверете ги крунестите
бургии. Користете само беспрекорни крунести
бургии. Оштетените или деформираните круни за
дупчење може да доведат до опасни ситуации.
Пред да ја ставите, исчистете ја крунестата бургија.
Подмачкајте го малку навојот на крунестата бургија или
испрскајте го со средство за заштита од корозија.
Навртете 11/4"-UNC-крунеста бургија(7) на вретеното
за дупчење(6).
uПроверете дали е крунестата бургија е цврсто
вметната. Доколку круните за дупчење се погрешно
или не се сигурно зацврстени, може да се олабават за
време на работењето и да предизвикаат опасност.
Вадење на крунестата бургија
uПри менувањето на крунестата бургија носете
заштитни ракавици. При подолготрајна употреба,
круната за дупчење може да се вжешти.
Олабавете ја крунестата бургија(7) со вилушкаст клуч
(ширина на клучот 41mm). Притоа, со друг вилушкаст
клуч (ширина на клучот 32mm) држете го вториот раб на
вретеното за дупчење(6) во спротивен правец.
Приклучување на систем за ладење на вода/
всисување на прав
Доколку крунестите бургии за мокро/суво дупчење не се
ладат доволно за време на дупчењето, дијамантските
сегменти може да се оштетат, или крунестата бургија
може да се блокира во дупката. Затоа, при мокро
дупчење овозможете доволно ладење на водата, а при
суво дупчење функционално всисување на прав.
При зголемување на постоечката дупка, таа мора
внимателно да се затвори, за да се овозможи
беспрекорно ладење на крунестата бургија.
uПриклучените црева, запорните вентили или
опрема не смеат да го попречуваат процесот на
дупчење.
Приклучување на систем за ладење на вода
Поставете го адаптерот за приклучокот за вода(14) на
канџестата спојка(10) и свртете го до крај во правец на
стрелките на часовникот.
Затворете ја запорната славина за вода(12). Приклучете
цевка за довод на вода на приклучниот елемент на
славината(13). Приклучувањето на цевката за довод на
вода е возможно од мобилен сад за вода под притисок
(опрема) или од стационарен приклучок за вода.
Приклучување на всисувач за прав
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Поставете го адаптерот за всисување(15) на канџестата
спојка(10) и свртете го до крај во правец на стрелките на
часовникот.
Ставете го цревото за всисување(17) од всисувачот за
мокро/суво всисување(види „Опрема/резервни
делови“, Страница142) коешто е прилагодено и
препорачано за овој систем на млазниците за
всисување(16).
Употреба
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
uПред почетокот на работата повикајте го
одговорниот статичар, архитект или надлежните
градежни раководители за да се советувате за
планираното дупчење. Арматури смее да се сечете
само со одобрение на градежен статичар.
uПри дупчење во ѕид или под, неопходно е да
проверите дали во просторијата постојат препреки.
Заклучете го градилиштето и осигурете го јадрото
од дупчењето од паѓање со помош на облога.
1 609 92A 7Y9 | (27.05.2022) Bosch Power Tools
Страницы: Стр: 41
Комментарии (0)

Добавить комментарий

Другие Дрели Bosch