
Македонски | 139
(2) Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(3) Либела за вертикално израмнување
(4) Либела за хоризонтално израмнување
(5) Пеперутка-завртка за подесување на
дополнителната дршка
(6) Вретено за дупчење
(7) Крунеста бургијаa)
(8) Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
(9) Рачка (изолирана површина на рачката)
(10) Канџеста спојка
(11) Прекинувач за избор на брзина
(12) Славина за прекин на вода
(13) Приклучен елемент за славината
(14) Адаптер за приклучокот за вода
(15) Адаптер за всисување
(16) Млазници за всисувањеa)
(17) Црево за издувни гасовиa)
(18) Заштитен прекинувач за диференцијална струја
(PRCD)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Дијамантска дупчалка GDB180WE
Број на дел 3601A898..
Номинална јачина W 2000
Излезна моќност W 1340
Номинален број на вртежи n0
– 1. брзина min–1 900
– 2. брзина min–1 2800
Дијаметар на дупчење
– во ѕидни конструкции
оптимално mm 40−180
– во ѕидни конструкции
можно mm 0−180
– во бетон оптимално mm 40−150
– во бетон можно mm 0−180
Прифат на алатот 11/4"UNC
макс. притисок на
напојувањето со вода bar 3
Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014
– без дополнителна рачка kg 5,2
– со дополнителна рачка kg 5,5
Класа на заштита /I
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN62841‑2‑1.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со A
типично изнесува: ниво на звучен притисок 89dB(A);
ниво на звучна јачина 100dB(A). Несигурност K=5dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности нa осцилацииah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
EN62841‑2‑1:
Дупчење во бетон: ah=12m/s2, K=1,5m/s2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Монтирање на дополнителната дршка
uКористете ја(ги) дополнителната(ите) рачка(и).
Губење на контрола може да предизвика телесни
повреди.
Секогаш поставувајте ја дополнителната дршка(8).
Поместете ја дополнителната дршка преку вретеното за
дупчење(6) грлото на вретеното (погледнете ја сликата
на графичката страница). Затегнете ја пеперутка-
завртката за подесување на дополнителната дршка(5) во
правец на стрелките на часовникот.
Дополнителната рачка(8) може да ја вртите по желба, за
да може безбедно и неуморно да работите.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7Y9 | (27.05.2022)
Добавить комментарий