
138 | Македонски
работата може да изгубите контрола и да се
повредите.
uДржете го електричниот алат за изолираната
површина додека сечете, за да не дојде во контакт
со скриена жица или со неговиот кабел. Ако
опремата за сечење дојде во допир со „жица под
напон“, може да ги изложи металните делови на
електричниот алат „под напон“ и операторот може да
добие струен удар.
Безбедносни упатства при користење на долги бургии
uНикогаш не користете поголема брзина од
максималната означена брзина на бургијата. При
поголема брзина, бургијата може да се искриви ако
слободно ротира надвор од делот што се обработува, и
да се повредите.
uСекогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и
врвот на бургијата да биде во допир со делот што се
обработува. При поголема брзина, бургијата може да
се искриви ако слободно ротира надвор од делот што
се обработува, и да се повредите.
uПритиснете во директна линија со бургијата, и без
прекумерен притисок.Бургијата може да се искриви
и да се скрши, или да изгубите контрола и да се
повредите.
Дополнителни безбедносни напомени
uКористете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
uНосете штитници за уши при дијамантско дупчење.
Изложеноста на бучава може да предизвика губење на
слухот.
uКога бургијата е заглавена, престанете со
притискање надолу и исклучете го алатот. Извршете
проверки и поправки за да ја елиминирате причината
за заглавување на бургијата.
uПри навлегување на дијамантската дупчалка во
делот што се обработува, проверете дали бургијата
слободно се врти пред да започнете со дупчење.
Ако бургијата е заглавена, може да не започне со
работа, може да го преоптовари алатот, и може
дијамантската дупчалка да се извади од делот што се
обработува.
uПри дупчење низ ѕидови или тавани, заштитете ги
луѓето околу работната површина. Бургијата може
да навлезе низ дупката, и средината од делот што се
обработува може да падне на другата страна.
uНосете чевли што не се лизгаат. На тој начин ќе
избегнете повреди, коишто може да настанат при
лизгање на мазни површини.
uНикогаш не го користете електричниот алат без
испорачаниот заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD).
uПред секој почеток на работата проверете го
правилното функционирање на заштитниот
прекинувач за диференцијална струја (PRCD).
Оштетениот заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD) нека се поправи или
замени од сервисна служба на Bosch.
uОбрнете внимание дека ниту лицата во работниот
простор, ниту електричниот алат не доаѓаат во
допир со водата што излегува.
uВнимавајте цревата што спроведуваат вода и
местата на спојување да бидат во беспрекорна
состојба. Пред следната употреба, заменете ги
оштетените или изабени делови. Излегувањето на
вода од деловите на електричниот алат го зголемува
ризикот од електричен удар.
uПри работата, држете го електричниот алат цврсто
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
uПриклучете го електричниот уред на прописно
заземјена струјна мрежа. Приклучницата и
продолжниот кабел мора да имаат функционален
заштитен проводник.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Електричниот алат е наменет за мокро дупчење во бетон
и армиран бетон, со крунести бургии за мокро дупчење и
довод за вода. Не е дозволено таванско дупчење со
водоснабдување.
Електричниот алат е наменет за суво дупчење во цигли,
песочник, гас-бетон и плочки.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прекинувач за вклучување/исклучување
1 609 92A 7Y9 | (27.05.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий