
234 | Македонски
uСпречете ненамерно активирање. Проверете дали
прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во
струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете
или носите алатот. Носење на електричните алати со
прстот позициониран на прекинувачот или
вклучување во струја на електричните алати чијшто
прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа.
uОтстранете каков било клуч за регулирање или
француски клуч пред да го вклучите електричниот
алат. Француски клуч или клуч прикачен за
ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе
до лична повреда.
uНе ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано
одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова
овозможува подобра контрола на електричниот алат
во непредвидливи ситуации.
uОблечете се соодветно. Не носете широка облека и
накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку
од подвижните делови. Широката облека, накитот
или долгата коса може да се закачат за подвижните
делови.
uАко се користат поврзани уреди за вадење
прашина и собирање предмети, проверете дали се
правилно поврзани и користени. Собирањето
прашина може да ги намали опасностите
предизвикани од неа.
uНе дозволувајте искуството стекнато со честа
употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги
игнорирате безбедносните принципи при нивното
користење. Невнимателно движење може да
предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
uНе го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно
и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
uНе користете електричен алат ако не можете да го
вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
uИсклучете го електричниот алат од струја и/или
извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
uЧувајте ги електричните алати подалеку од дофат
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
uОдржување на електрични алати и дополнителна
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
uОстрете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
uЕлектричниот алат, дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
uРачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
uЕлектричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за магнетни дупчалки
uДржете го електричниот алат за изолираната
површина додека сечете, за да не дојде во контакт
со скриена жица или со неговиот кабел. Ако
опремата за сечење дојде во допир со „жица под
напон“, може да ги изложи металните делови на
електричниот алат „под напон“ и операторот може да
добие струен удар.
uПри прицврстување на електричниот алат со
безбедносната лента за делот што се обработува,
уверете се дека истата може да ја држи машината
за време на работењето. Ако делот што се
обработува е мек и порозен, може да се оштети, а со
тоа да излезе и електричниот алат од делот што се
обработува.
uПри дупчење низ ѕидови или тавани, заштитете ги
луѓето околу работната површина. Бургијата може
да навлезе низ дупката, и средината од делот што се
обработува може да падне на другата страна.
uДа не се користи резервоарот за средство за
ладење кога дупчите на вертикални или закосени
површини, или на плафон. Користете пена за
ладење. Погрижете се да не навлезе вода во
алатот. Ако навлезе вода во електричниот алат,
постои зголемен ризик од електричен удар.
uМора да се осигура електричниот алат. Електричен
алат кој не е добро осигуран може да се помести или
да се преврти и да предизвика повреди.
1 609 92A 7Y6 | (31.05.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий