
Македонски | 107
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Напомена: Не ги затворајте процепите за вентилација(7)
на електричниот алат за време на работата, инаку се
намалува животниот век на електричниот алат.
Работен принцип
Со помош на осцилирачкиот погон, алатот за вметнување
осцилира до 20000пати во минута за 2,8°. Ова
овозможува прецизно работење на тесен простор.
Работење со мал или еднаков притисок,
инаку работењето ќе се влоши и алатот
што се вметнува може да се блокира.
За време на работата движете го
електричниот алат напред-назад, за да
не се загрее премногу алатот што се
вметнува и да не се блокира.
Сечење
uКористете само неоштетени, беспрекорни листови
за пила. Искривените или неостри листови за пила
може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето
или да предизвикаат повратен удар.
uПри сечење на лесни градежни материјали,
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
uСмеат да се обработуваат само меки материјали
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување!
Пред сечењето со HCS-листови за сечење во дрво,
шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на
нив има туѓи тела како на пр. клинци, шрафови и сл.
Доколку има, отстранете ги или употребете биметални
листови за сечење.
Сечење
Напомена: При сечењето на ѕидни плочки внимавајте на
тоа дека електричните алати се изабуваат по долготрајна
употреба.
Брусење
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се
одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на
избраниот број на осцилации и притисокот на
површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот алат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
За прецизно брусење на агли, рабови и тешко достапни
места може да работите со врвот или еден раб од
основната брусна плоча.
При селективно брусење, брусниот лист може многу да
се затопли. Намалете го бројот на осцилации и
притисокот на површината и оставајте го брусниот лист
да се олади.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch брусна опрема.
При брусењето секогаш приклучувајте го всисувачот за
прав.
Стругање
При стругањето одберете повисок степен на број на
осцилации.
Работете на мека подлога (на пр. дрво) со рамен агол и
намалено притискање. Инаку стругачот може да ја исече
подлогата.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При прејако оптоварување или
надминување на дозволените граници на температурата
електричниот алат се исклучува. Исклучете го
електричниот алат, оставете ја батеријата да се олади и
повторно вклучете го.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
uОдржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Редовно чистете ги Riff-алатите за вметнување (опрема)
со жичана четка.
Bosch Power Tools 1 609 92A 670 | (15.03.2021)
Добавить комментарий