
Македонски | 101
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење и разделување на
дрвени материјали, пластика, гипс, нежелезни метали и
елементи за зацврстување (на пр. клинци, хефт иглици).
Исто така е погоден за обработка на меки ѕидни плочки
како и за суво брусење и стругање на мали површини. Тој
особено е погоден за работење близу рабови и на рамни
површини.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) AutoClic-лост за деблокирање на алатот
(2) Прекинувач за вклучување/исклучување
(3) Приказ за наполнетост на батеријата
(4) Батеријаa)
(5) Копче за отклучување на батеријаa)
(6) Вртливо копче за претходно бирање на бројот на
осцилации
(7) Отвори за вентилација
(8) Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
(9) Навртка за дополнителната дршка
(10) Прифат на алатот
(11) 180°-светлосна лента
(12) Лист за сечење со вдлабнувањеa)
(13) Брусна плочаa)
(14) Брусен листa)
(15) Граничник за длабочинаa)
(16) Сегментен лист за пилаa)
(17) Рачка (изолирана површина на рачката)
(18) Црево за издувни гасовиa)
(19) Млазници за всисувањеa)
(20) Всисувач за правa)
(21) Затегнувачка рачка за всисувачот за правa)
(22) Адаптер за всисувањеa)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериски мултифункционален
алат AdvancedMulti 18
Број на дел 3603A040..
Претходен избор на бројот
на осцилации ●
Константна електроника ●
Фин старт ●
Прифат за алат
AutoClic ●
Номинален напон V= 18
Број на вртежи во празен
од n0
min−1 10000–20000
Агол на осцилација лево/
десно ° 1,4
Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014
– без дополнителна рачка kg 1,5–1,8
– со дополнителна рачка kg 1,6–1,9
Препорачана околна
температура при полнење °C 0...+35
Дозволена околна
температура при
работењеA) и при
складирање
°C –15...+50
Препорачани
акумулаторски батерии PBA18V...W-.
Препорачани полначиB) AL18...
A) ограничена јачина при температури <0 °C
B) Следните полначи не се компатибилни со PBA батерија:
AL1814CV, AL1820CV, AL1860CV
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласноEN62841‑2‑4.
Нивото на звук на електричниот алат оценето соА
типично изнесува: ниво на звучен притисок 82dB(A);
ниво на звучна јачина 93dB(A). Несигурност K=3dB.
Носете заштита за слухот!
Работење без дополнителна рачка
Вкупни вредности на вибрации ah (векторски збир на
трите насоки) и несигурностK утврдени во согласност
соEN62841‑2‑4(брусење),EN62841‑2‑11(сечење):
Брусење: ah=6m/s2, K=1,5m/s2,
Сечење со сечило за сечење со вдлабнување:
ah=16m/s2, K=1,5m/s2,
Bosch Power Tools 1 609 92A 670 | (15.03.2021)
Добавить комментарий