
106 | Македонски
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на всисувач за прав (видисликаC)
Всисувачот за прав(20) е наменет само за работење со
основна брусна плоча(13), не може да се комбинира со
други алати за вметнување.
При брусењето секогаш приклучувајте го всисувачот за
прав.
За да го монтирате всисувачот за прав(20) (опрема)
извадете ги алатот за вметнување и граничникот за
длабочина(15).
Вметнете го всисувачот за прав(20) до крај преку
прифатот за алат(10) на затезното грло на електричниот
алат. Свртете го всисувачот за прав во посакуваната
позиција (не директно под електричниот алат).
Притиснете го затегнувачкиот лост(21), за да се фиксира
всисувачот за прав.
Вметнете го адаптерот за всисување(22) (опрема) на
црево за всисување(18) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување(22) со млазниците за всисување(19) и
цревото за всисување(18) со всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Вметнете ја наполнетата батерија(4) во подножјето на
електричниот алат, додека не слушнете дека е вклопена и
заклучена.
Вклучување/исклучување
uПроверете дали можете да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави „I“.
Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот
момент при вклучување и го зголемува рокот на траење
на моторот.
Константната електроника одржува постојан број на
осцилации при празен од и оптоварување и овозможува
иста постојана јачина при работењето.
За исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување(2) наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави „0“.
Напомена: Доколку електричниот алат автоматски се
изгаси поради испразнети или прегреани батерии,
исклучете го со прекинувачот за вклучување/
исклучување (2).
Наполнете ја батеријата одн. оставете го електричниот
алат да се излади, пред повторно да го вклучите. Инаку
батеријата може да се оштети.
180°-светлосната лента(11) ја подобрува видливоста во
непосредното работно место. Таа се вклучува и
исклучува автоматски со електричниот алат.
uНе гледајте директно во него, може да ве заслепи.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации(6)
можете да го изберете потребниот број на вртежи и за
време на работењето на алатот.
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
При сечење, разделување и брусење на поцврсти
материјали како на пр. дрво или метал се препорачува
степен за број на осцилации „6“, а за меки материјали
како на пр. пластика степен на број на осцилации „4“.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
1 609 92A 670 | (15.03.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий