
Македонски | 187
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Заштитен капак (види сликиGиH)
Монтирајте го заштитниот капак (9), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Ставете го заштитниот капак(9) на електричниот алат на
тој начин што ќе се вклопат двата надворешни држачи во
процепите на куќиштето.
Извадете го заштитниот капак (9) за работење без
всисувач за прашина како и за сечење под агол. За тоа
притиснете го капакот на висина на надворешните
држачи и извлечете го нанапред.
Приклучување на всисувач за прав (видисликаI)
Вметнете го адаптерот за всисување(22) (опрема) на
црево за всисување(23) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување(22) со млазниците за всисување(6) на
електричниот алат и цревото за всисување(23) со
всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (20).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
нема осцилации
мали осцилации
средни осцилации
големи осцилации
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се
работи со максимално осцилирање.
Подесување на аголот на закосување (види сликаJ)
Основната плоча (7) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитниот капак (9) и заштитата од кинење (20) не
можат да се вметнат при сечење со закосување.
– Извадете ги заштитниот капак(9), заштитата од
кинење(20) и лизгачката папуча(19).
– Извадете го депото за сечило за пила(18) од
основната плоча(7).
– Олабавете ја завртката(25) и притиснете ја основната
плоча(7) лесно во правец на мерните млазници(6).
– За подесување на прецизен агол на закосување,
основната плоча од десната и левата страна има точки
за вклопување на 0°, 22,5° и 45°. Навалете ја
основната плоча(7) согласно скалата(24) во саканата
позиција. Другите агли на косо сечење може да се
подесат со помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча(7) до крај во
правец на сечилото за пила(11).
– Повторно затегнете ја завртката(25).
Контрола на линијата на сечење кај сечење со
закосување (видисликаK)
За контролата на линиите на сечење на контролниот
прозорец за CutControl (12) има ознака (26) за
правоаголниот засек со 0° и по една ознака (27) за аголот
на закосување со 45° кон десно и кон лево соодветно на
скалата (24).
Ознака за сечење за аголот на закосување меѓу 0° и 45°
се пресметува пропорционално. Таа може дополнително
да се нанесе на контролниот прозорец за CutControl
(12) со неперманентен маркер и повторно да се
отстрани.
За прецизно работење најдобро е да направите пробен
рез.
Поместување на основната плоча (види сликаJ)
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја
поместите основната плоча (7).
Извадете го депото за сечило за пила(18) од основната
плоча(7) одн. извадете ја лизгачката папуча(19).
Олабавете ја завртката (25) и притиснете ја основната
плоча (7) до крај во правец на мерните млазници (6).
Bosch Power Tools 1 609 92A 851 | (20.07.2022)
Добавить комментарий