
Македонски | 185
Технички податоци
Убодна пила UniversalSaw18V‑100
Број на дел 3603K111..
Контрола на бројот на работни
одови ●
Осцилации ●
Номинален напон V= 18
Број на работни одови во
празно n₀ min−1 0–2600
Работен од mm 20
Макс. длабочина на резот
– во дрво mm 100
– во алуминиум mm 18
– во челик (нелегиран) mm 8
Агол за сечење (лево/десно)
макс. ° 45
Тежина согласно EPTA-Proce-
dure01:2014A) kg 2,0(1,5Ah)–
2,3(6,0Ah)
Препорачана околна
температура при полнење °C 0…+35
Дозволена околна
температура при работењеB) и
при складирање
°C −20…+50
Препорачани акумулаторски
батерии PBA18V...W-.
Препорачани полначиC) AL18...
A) во зависност од употребената батерија
B) ограничена јачина при температури <0 °C
C) Следните полначи не се компатибилни со PBA батерија:
AL1814CV, AL1820CV, AL1860CV
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN62841‑2‑11.
Нивото на звук на електричниот алат оценето соА
типично изнесува: ниво на звучен притисок 83dB(A);
ниво на звучна јачина 94dB(A). Несигурност K=5dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
EN62841‑2‑11:
Сечење на шперплоча со сечило за пилаT144D:
ah,B=10m/s2, K=1,5m/s2,
сечење на метален лим со сечило за пила T118A:
ah,M=9m/s2, K=1,5m/s2.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата
uКористете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
uПо автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
За да ја извадите батеријата (4) притиснете на копчињата
за отворање (5) и извлечете ја батеријата нагоре од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Bosch Power Tools 1 609 92A 851 | (20.07.2022)
Добавить комментарий