
186 | Македонски
Приказ за наполнетоста на батеријата
Приказот за наполнетост на батеријата (3) ја покажува
наполнетоста на батеријата доколку електричниот алат е
вклучен и се состои од 3 зелени LED-светилки.
LED-светилки Капацитет
Трајно светло 3× зелено 66–100%
Трајно светло 2× зелено 33–66%
Трајно светло 1× зелено 11–33%
Бавно трепкање на светлото 1× зелено 0–10%
3-теLED-светилки на приказот за наполнетост на
батеријата (3) брзо трепкаат, доколку температурата на
батеријата е надвор од опсегот на работна температура
од −20 до +50°C и/или реагира заштитата од
преоптоварување.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
uПри ставање или при замена на електричниот алат
носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
Бирање на сечилото за пила
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете
на крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за
пила со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило) или со
1/4"-универзално сечило (U-сечило). Сечилото за пила
не треба да биде подолго отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за
пила.
Вметнување на сечилото за пила (види сликаA)
uИсчистете го сечилото на листот за пила пред
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
Евентуално извадете го заштитниот капак (9).
Вметнете го прифатот за сечилото за пила (15) во
правецот на стрелките нагоре. Потоа вметнете го
сечилото за пила (11), со запците во правец на сечењето,
до крај во правец на прифатот за сечилото за пила.
При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа
задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (13).
uПроверете дали е стабилно сечилото за пила.
Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и
да Ве повреди.
Вадење на сечилото за пила (види сликаB)
Вметнете го прифатот за сечилото за пила (15) во
правецот на стрелките нагоре и извадете го сечилото
(11).
Депо за сечило за пила (опрема) (видисликаC)
Во депото за сечила за пила (18) можете да чувате до
шест сечила со должина до 110mm. Вметнете ги
сечилата за пила со сечило со еден заоблен дел
(T‑сечило) во процепот предвиден за нив во депото за
сечила за пила. Може да бидат поставени едно преку
друго до три сечила за пила.
Затворете го депото за сечила за пила и вметнете го до
крај во процепот на основната плоча (7).
Лизгачка папуча (видисликаD)
При обработка на чувствителни површини можете да ја
ставите лизгачката папуча (19) на основната плоча (7),
за да спречите гребење на површината.
При поставување на лизгачката папуча (19) закачете ја
напред на основната плоча (7), притиснете ја позади
нагоре и оставете да се вклопи.
При работење со лизгачката папуча не може да се
користи депото за сечила за пила(18) како и контролата
на линијата на сечењеCutControl.
Заштита од кинење (види сликаE)
Заштитата од кинење (20) (опрема) може да спречи
кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
сечила за пила и со агол на резот од 0°. Основната плоча
(7) при сечење со заштита од кинење не смее да се
поместува наназад за сечење блиску до работ.
Притиснете ја заштитата од кинење (20) од долу на
основната плоча (7) (како што е прикажано на сликата,
со засекот нагоре).
Контрола на линијата на сечење CutControl
Контролата на линиите на сечење CutControl
овозможува прецизно водење на електричниот алат долж
означената линија за сечење на делот што се обработува.
На CutControl припаѓаат контролниот прозорец (12) со
ознаките за сечење и основата (10) за прицврстување на
електричниот алат.
Прицврстување на CutControl на основната плоча
(види слика F)
Прицврстете го контролниот прозорец за CutControl
(12) во држачите на основата (10). Потоа лесно склопете
ја основата и оставете ја да се вклопи во водилката (21)
на основната плоча (7).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
1 609 92A 851 | (20.07.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий