
Македонски | 103
облека, накитот или долгата коса може да се закачат за
подвижните делови.
uАко се користат поврзани уреди за вадење
прашина и собирање предмети, проверете дали се
правилно поврзани и користени. Собирањето
прашина може да ги намали опасностите
предизвикани од неа.
Употреба и чување на електричните алати
uНе го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно
и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
uНе користете електричен алат ако не можете да го
вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
uИсклучете го електричниот алат од струја и/или
сетот на батерии од електричниот алат, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
uЧувајте ги електричните алати подалеку од дофат
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати се
опасни во рацете на необучени корисници.
uОдржување на електрични алати. Проверете го
порамнувањето или прицврстување на подвижните
делови, спојот на деловите и сите други услови што
може негативно да влијаат врз функционирањето
на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го
електричниот алат на поправка пред да го
користите. Многу несреќи се предизвикани заради
несоодветно одржување на моќните алати.
uОстрете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
uЕлектричниот алат, дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Сервисирање
uЕлектричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за аголни брусилки
Безбедносни предупредувања за брусење,
шмирглање, жичано четкање и абразивно сечење
uОвој електричен алат е наменет да функционира
како алат за брусење, шмирглање, жичано четкање
или сечење. Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, илустрации и спецификации
приложени со овој електричен алат. Грешките
настанати како резултат на непридржување до сите
инструкции приложени подолу може да предизвикаат
струен удар, пожар и/или тешки повреди.
uОперациите како на пр. полирање не се
препорачува да се вршат со овој електричен алат.
Операциите за кои не е наменет електричниот алат
може да предизвикаат опасност и лична повреда.
uНе користете дополнителна опрема која не е
специјално дизајнирана и не е препорачана од
производителот на алатот. Само затоа што
дополнителната опрема може да се вгради во вашиот
електричен алат, не значи дека може да се обезбеди
безбедно работење.
uУтврдената брзина на дополнителната опрема мора
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат. Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
uНадворешниот дијаметар и дебелина на вашата
дополнителна опрема мора да биде во рамките на
класата на вашиот електричен алат. Дополнителна
опрема со несоодветна величина не може соодветно
да се заштити и контролира.
uНавојот за монтирање на дополнителната опрема
мора да одговара на осовината за монтирање на
брусилката. За дополнителна опрема која се
монтира со прирабницата, насадениот отвор мора
да одговара на дијаметарот на спојната
прирабница. Дополнителната опрема која не е
соодветна на хардверот на електричниот алат не може
да одржува рамнотежа, заради прекумерните
вибрации и може да предизвика губење на контрола.
uНе користете оштетена дополнителна опрема. Пред
употреба проверете ја дополнителната опрема,
како на пр., абразивните дискови за иверки и
струготини, заштитната подлога за отвори,
стружење или претерано абење, жичаната четка за
олабавени или пукнати жици. Ако електричниот
алат или дополнителната опрема падне, проверете
дали е оштетена или инсталирајте неоштетена
дополнителна опрема. По проверката и
инсталирањето на дополнителната опрема, вие и
луѓето во близина поместете се подалеку од
површината на ротирачката опрема, и вклучете го
електричниот алат на максимална брзина без
оптоварување една минута. Оштетената
дополнителна опрема вообичаено се расипува во
текот на овој тест период.
Bosch Power Tools 1 609 92A 692 | (08.04.2021)
Добавить комментарий