Bosch PKS 55 A

Данная инструкция на русском языке предназначена для пилы Bosch PKS 55 A, описывает принцип работы и основные моменты эксплуатации устройства. Перед первым включением рекомендуется внимательно изучить данное руководство.

Инструкция для пилы представлена в формате PDF, который поддерживается на всех современных устройствах, так что сложностей с открытием файла возникнуть не должно. Но если открыть документ не получается, установите любую программу для чтения PDF файлов, например Acrobat Reader.

Чтобы распечатать инструкцию, нужно ее сначала скачать, для этого кликните по кнопке «Скачать инструкцию», файл откроется в новой вкладке, затем нажмите комбинацию клавиш Сtrl + P и из открывшегося диалогового окна, отправьте документ на печать.

Страницы: Стр:
84 | Македонски
сечење 45° (29) ја прикажува позицијата на сечилото за
пила при сечење под 45°.
(29) (30)
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата.
Најдобро е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (1) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(2) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (2) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Ширината на сечењето варира во зависност од
користениот сечило за пила.
Заштитете ги сечилата за пила од удари.
Водете го електричниот алат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на истиот.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на сечилото
за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила
за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават
должински или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини. Притоа, исфрлувачот на
струготини (16) може да се затне.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е
особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач
за прав.
Сечење на обоени метали
Напомена: Користете остро сечило за пила погодно
исклучиво за обоени метали. Ова овозможува чист рез и
го спречува заглавувањето на сечилото за пила.
Водете го вклучениот електричен алат на делот што се
обработува и внимателно сечете го. Работете на крај со
мало движење напред и продолжете без прекини.
При сечење на профили, секогаш започнувајте со
сечење на потесната страна, кај U-профили не почнувајте
на отворената страна. Зацврстете ги долгите профили, за
да избегнете заглавување на сечилото за пила и повратен
удар на електричниот алат.
Сечење со паралелен граничник (види слика H)
Паралелниот граничник (10) овозможува прецизни
резови по должината на делот што се обработува, како на
пример сечење на ленти со исти димензии.
Олабавете ја пеперутка-завртката (8) и турнете ја скалата
на паралелниот граничник (10) низ отворот на основната
плоча (12). Поставете ја саканата ширина на резот како
вредност на скалата на соодветните ознаки за сечење
(30) одн. (29), види дел „Ознаки за сечење“. Повторно
зацврстете ја пеперутка завртката (8).
Сечење со шина водилка (види слики I–K)
Со помош на шината водилка (31) може да правите
праволиниски резови.
Лепливиот слој го спречува лизгањето на шината водилка
и ја негува површината на делот што се обработува.
Шината водилка (31) може да се продолжи. Свртете ја
шината водилка (31) за 180° и вклопете ги двете шини
водилки (31). За фиксирање притиснете го копчето (32).
За демонтажа притиснете го копчето (32) на другата
страна и извлечете ги шините водилки (31).
Шината водилка (31) на горната страна има две ознаки.
Страната со ознаката „90°“ користете ја за сечење под
десен агол, а страната со ознаката „45°“ користете ја за
сите други видови сечења со закосување.
Гумената лента на шината водилка при сечење под агол
од 90° и 45° овозможува заштита од кинење, односно при
сечење на дрвени материјали го спречува кинењето на
горната површина на материјалот.
При првото сечење, гумената лента се адаптира на
Вашата тркалезна пила и малку се отсекува.
Напомена: Шината водилка (31) мора да стои рамно на
делот што се обработува и не смее да стрчи.
Доколку шината водилка (31) стрчи надвор од краевите
на делот што се обработува, не ја оставајте тркалезната
пила на шината водилка (31), без притоа цврсто да ја
држите пилата. Шината водилка (31) е изработена од
пластика и не може да ја поднесе тежината на
тркалезната пила.
Прицврстете ја шината водилка (31) со специјални
столарски стеги (33) на делот што се обработува.
1 609 92A 66J | (22.12.2020) Bosch Power Tools
Страницы: Стр: 54
Комментарии (0)

Добавить комментарий

Другие Пилы Bosch