
Македонски | 79
uЕлектричниот алат, дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
uРачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
uЕлектричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за кружни пили
Постапки на сечење
u ОПАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку од
површината за сечење и од сечилото. Ставете ја
другата рака на дополнителната рачка или на
куќиштето на моторот. Доколку ја држите пилата со
двете раце, нема да се исечете со сечилото.
uНе посегнувајте под делот што се обработува.
Заштитниот поклопец не може да ве заштити од
сечилото доколку посегнете под делот што се
обработува.
uПрилагодете ја длабочината на сечење според
дебелината на делот што се обработува. Под делот
што се обработува треба да се гледа помалку од
половина запчаник од сечилото.
uНикогаш не го држете делот што се обработува во
рака, и не го поставувајте преку нога за време на
сечењето. Поставете го делот што се обработува на
стабилна платформа. Многу е важно правилно да ја
изведувате работата, за да ја минимизирате
изложеноста на телото, заглавувањето на сечилото
или губењето контрола.
uДржете го електричниот алат за изолираната
површина додека сечете, за сечилото да не дојде
во контакт со скриена жица или со неговиот кабел.
Ако опремата за сечење дојде во допир со жица под
напон, може да ги изложи металните делови на
електричниот алат под напон и операторот може да
добие струен удар.
uПри процесот на сечење по должина, секогаш
користете паралелен граничник или аголен
граничник. Ова ја подобрува прецизноста на
сечењето и ги намалува шансите за извиткување на
сечилото.
uСекогаш користете сечила со точна големина и
форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор
дупките. Сечилата што не се совпаѓаат со
монтираниот тврд дел на пилата, ќе се поместат
надвор од центарот и ќе изгубите контрола.
uНикогаш не користете оштетени или неправилни
подлошки за сечила или гвинтови. Подлошките за
сечила и гвинтовите се специјални изработени за
вашата пила, за оптимално и безбедно работење.
Одбивање и слични предупредувања
- одбивањето е ненадејна реакција на делот што се
обработува заради приклештено, заглавено или
нерамномерно сечило на пилата, предизвикувајќи
пилата да излезе од лежиштето и да отскокне кон
операторот;
- кога сечилото цврсто се приклештува или заглавува
поради затворање на лежиштето, тоа се гаси и моторната
реакција брзо ја враќа единицата кон операторот;
–доколку сечилото се превитка или се измести за време
на сечењето, запчаниците на задниот раб од сечилото
може да се закопаат во горниот дел на дрвото
предизвикувајќи тоа да излезе од лежиштето и да
отскокне кон операторот.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или
несоодветни оперативни постапки или услови и може да
се избегне со преземање на соодветните превентивни
мерки наведени подолу.
uЦврсто држете ја пилата со двете дланки и
поставете ги рацете така што ќе бидат отпорни на
силите на одбивањето. Поставете го телото на
едната страна од сечилото, но никако паралелно со
него. Одбивањето може да предизвика пилата да
отскокне наназад, но операторот може да ги
контролира силите на одбивање доколку ги преземе
соодветните мерки за претпазливост.
uКога сечилото се навалува или кога прекинува
сечењето од која било причина, отпуштете го
активаторот и држете го уредот неподвижен сѐ
додека сечилото целосно не запре. Никогаш не ја
отстранувајте пилата или не ја вметнувајте додека
сечилото е во движење бидејќи може да дојде до
одбивање. Извршете проверки и поправки за да ја
елиминирате причината за навалување на сечилото.
uПри рестартирање на пилата додека се наоѓа во
делот што се обработува, насочете ја кон центарот
на засекот така што запците да не го зафаќаат
материјалот. Ако пилата се навали, може да се
приближи или да се одбие од работното парче додека
е во процес на рестартирање.
uПотпрете ги големите делови што се обработуваат
за да го намалите ризикот од приклештување или
одбивање на сечилото. Големите делови што ги
обработувате се искривуваат под својата тежина.
Потпирачите мора да се стават под двете страни на
делот што го обработувате, покрај линијата на засекот
и покрај работ на делот што го обработувате.
uНе користете тапи или оштетени сечила.
Ненаострени или несоодветно поставени сечила
прават тесни засеци создавајќи прекумерно триење,
извиткување на сечилото или одбивање.
uДлабочината на сечилото и рачките за
прилагодување на косината мора да се прицврстат
Bosch Power Tools 1 609 92A 66J | (22.12.2020)
Добавить комментарий