
Македонски | 83
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Напомена: За време на сечењето секогаш употребувајте
ја цевката за пренасочување (24) или кутијата за прав/
струготини (25), за да не летнат струготините накај Вас.
Цевката за пренасочување (24) може да се користи со
или без приклучен всисувач за прав/струготини. Во
зависност од примената, свртете ја цевката за
пренасочување така што струготините нема да летнат
накај Вас и прицврстете ја истата на исфрлувачот на
струготини (16).
Надворешно всисување (види слика B)
Поставете црево за всисување (23) (опрема) на
исфрлувачот за струготини (16). Поврзете го цревото за
всисување (23) со всисувач за прав (опрема). Прегледот
за приклучување на различните видови на всисувачи за
прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.
Електричниот алат може да се приклучи директно на
приклучницата на Bosch-универзален всисувач со уред
за далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот алат.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Сопствено всисување (види слики C– E)
Кутијата за прав/струготини (25) може да се користи за
ситни работи со приклучен лизгач (26). За поголеми
работи треба да го оставите лизгачот отворен, за да
можат да испаѓаат струготините.
Прицврстете ја кутијата за прав/струготини (25) на
исфрлувачот на струготини (16).
Редовно празнете ја кутијата за прав/струготини (25), за
да ја задржите ефикасноста.
За да ја испразните кутијата за прав/струготини (25)
извлечете ја истата од исфрлувачот на струготини (16).
Притиснете го лизгачот (26) нагоре, свртете ја кутијата за
прав/струготини (25) на страна и испразнете ја.
Исчистете ги приклучните додатоци на кутијата за прав/
струготини (25) пред приклучувањето.
Работа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Начини на работа
Подесување на длабочината на сечење (види слика F)
uПодесете ја длабочината на сечење на дебелината
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
Олабавете го затезната рачка (27). За помала длабочина
на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (12), а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча
(12). Саканата димензија подесете ја на скалата за
длабочина на сечење. Повторно цврсто стегнете го
затезната рачка (27).
Подесување на аголот на закосување
Олабавете ги пеперутка-завртките (7) и (14). Навалувајте
ја пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата (5). Повторно затегнете ги пеперутка-завртките
(7) и (14) .
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (28).
Ознаки за сечење (види сликаG)
(PKS 55 A/PKS 55-2 A/PKS 66 A/PKS 66 AF/ PKS 66-2
AF)
Контролното прозорче „CutControl“(9) што се
расклопува нанапред служи за прецизно водење на
кружната пила по направената линија за сечење на делот
што се обработува. Контролното прозорче
„CutControl“(9) има по една ознака за правоаголно
сечење и за сечење под агол од 45°.
Ознаката за сечење 0°(30) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за
сечење 45°(29) ја прикажува позицијата на сечилото за
пила при сечење под агол од 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата.
Најдобро е да направите пробен рез.
Ознаки за сечење (PKS 55)
Ознаката за сечење 0° (30) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за
Bosch Power Tools 1 609 92A 66J | (22.12.2020)
Добавить комментарий