
74 | Македонски
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Надворешно всисување
Вметнете го адаптерот за всисување (опрема) на црево
за всисување(26) (опрема), така што ќе се слушне кога
ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за всисување со
исфрлувачот на струготини(16) на електричниот алат и
цревото за всисување(26) со всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Електричниот алат може да се приклучи директно на
приклучницата на Bosch-универзален всисувач со уред
за далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот алат.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Врз основа на TRGS 553 во Германија неопходно е
користење тестирани уреди за всисување на прав
настаната при обработка на дрво, а сопственото
всисување не смее да се користи во комерцијални
предели. Комерцијалните корисници мора да ги
разјаснат специјалните барања за други материјали со
надлежното здружение на професионалци.
Вообичаено всисување со ќеса за прав
Кај поситните работи може да приклучите ќеса за прав
(опрема). Млазниците за всисување зацврстете ги на
исфрлувачот на струготини (16). Празнете ја ќесата за
прав редовно, за да остане оптимално собирањето на
прав.
Работа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Начини на работа
Подесување на длабочината на сечење (види слика B)
uПодесете ја длабочината на сечење на дебелината
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
Олабавете ја пеперутка-завртката (14). За помала
длабочина на сечење подигнете го електричниот алат од
основната плоча (13), а за поголема притиснете го кон
основната плоча (13). Саканата димензија подесете ја на
скалата за длабочина на сечење (15). Повторно затегнете
ја пеперутка-завртката (14).
Подесување на закосениот агол
Олабавете ја пеперутка-завртката(7). Навалете ја пилата
странично. Подесете ја саканата димензија на
скалата(6). Повторно затегнете ја пеперутка-
завртката(7).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (15).
Ознаки за сечење (види сликаC)
Контролното прозорче „CutControl“ (9) што се отвора
нанапред служи за прецизно водење на кружната пила по
направената линија за сечење на делот што се
обработува. Контролното прозорче „CutControl“ (9) има
една ознака за правоаголно сечење и за сечење под агол
од 45°.
Ознаката за сечење 0° (25) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за
сечење 45° (24) ја прикажува позицијата на сечилото за
пила при сечење под 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата.
Најдобро е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (2) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(1) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (1) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Заштитете ги сечилата за пила од удари.
1 609 92A 67J | (22.03.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий