
72 | Македонски
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за правење на должински и
напречни резови на дрво со рамни и коси резови. Со
соодветни сечила за пила може да се сечат и тенки
обоени метали, на пр. профили.
Обработката на железни метали не е дозволена.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прекинувач за вклучување/исклучување
(2) Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(3) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(4) Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
(5) Копче за блокирање на вретеното
(6) Скала на закосени агли
(7) Пеперутка-завртка за претходно избирање на
аголот на косо сечење
(8) Пеперутка-завртка за паралелниот граничник
(9) Контролно прозорче за линијата на резот
„CutControl“
(10) Паралелен граничник
(11) Осцилаторен заштитен капак
(12) Лост за подесување на осцилаторен заштитен
капак
(13) Основна плоча
(14) Пеперутка-завртка за претходно бирање на
длабочината на резот
(15) Скала за подесување на длабочината на сечење
(16) Исфрлувач на струготини
(17) Заштитен капак
(18) Рачка (изолирана површина на рачката)
(19) Вретено на пилата
(20) Стезна прирабница
(21) Лист за кружната пила
(22) Приклучна прирабница
(23) Затезна завртка со подлошка
(24) Ознака на резот 45°
(25) Ознака на резот 0°
(26) Црево за издувни гасовиa)
(27) Пар стегиa)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Рачна кружна пила PKS 40
Број на дел 3603CC50..
Номинална јачина W 850
Излезна моќност W 530
Број на вртежи во празен од min–1 5300
Макс. длабочина на резот
– при агол на косо сечење 0° mm 40
– при агол на косо сечење
45° mm 26
Блокада за вретеното ●
CutControl ●
Димензии на основната плоча mm 135x260
Макс. дијаметар на сечилото
за пила mm 130
Мин. дијаметар на сечилото
за пила mm 122
Макс. дебелина на сечилото
на пилата mm 1,4
Макс. отклон на запците на
пилата mm 2,7
Мин. отклон на запците на
пилата mm 1,7
Отвор за прифатот mm 16
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014 kg 2,6
Класа на заштита / II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN62841-2-5.
Нивото на звук на електричниот алат оценето соА
типично изнесува: ниво на звучен притисок 97dB(A);
ниво на звучна јачина 108dB(A). Несигурност K=3dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
EN62841-2-5:
Сечење на дрво: ah=4,0m/s2, K=1,5m/s2
Сечење на метал: ah=4,0m/s2, K=1,5m/s2
1 609 92A 67J | (22.03.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий