
70 | Македонски
uНе користете електричен алат ако не можете да го
вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
uИсклучете го електричниот алат од струја и/или
извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
uЧувајте ги електричните алати подалеку од дофат
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
uОдржување на електрични алати и дополнителна
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
uОстрете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
uЕлектричниот алат, дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
uРачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
uЕлектричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за кружни пили
Постапки на сечење
u ОПАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку од
површината за сечење и од сечилото. Доколку ја
држите пилата со двете раце, нема да се исечете со
сечилото.
uНе посегнувајте под делот што се обработува.
Заштитниот поклопец не може да ве заштити од
сечилото доколку посегнете под делот што се
обработува.
uПрилагодете ја длабочината на сечење според
дебелината на делот што се обработува. Под делот
што се обработува треба да се гледа помалку од
половина запчаник од сечилото.
uНикогаш не го држете делот што се обработува во
рака, и не го поставувајте преку нога за време на
сечењето. Поставете го делот што се обработува на
стабилна платформа. Многу е важно правилно да ја
изведувате работата, за да ја минимизирате
изложеноста на телото, заглавувањето на сечилото
или губењето контрола.
uДржете го електричниот алат за изолираната
површина додека сечете, за сечилото да не дојде
во контакт со скриена жица или со неговиот кабел.
Ако опремата за сечење дојде во допир со жица под
напон, може да ги изложи металните делови на
електричниот алат под напон и операторот може да
добие струен удар.
uПри процесот на сечење по должина, секогаш
користете паралелен граничник или аголен
граничник. Ова ја подобрува прецизноста на
сечењето и ги намалува шансите за извиткување на
сечилото.
uСекогаш користете сечила со точна големина и
форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор
дупките. Сечилата што не се совпаѓаат со
монтираниот тврд дел на пилата, ќе се поместат
надвор од центарот и ќе изгубите контрола.
uНикогаш не користете оштетени или неправилни
подлошки за сечила или гвинтови. Подлошките за
сечила и гвинтовите се специјални изработени за
вашата пила, за оптимално и безбедно работење.
Одбивање и слични предупредувања
- одбивањето е ненадејна реакција на делот што се
обработува заради приклештено, заглавено или
нерамномерно сечило на пилата, предизвикувајќи
пилата да излезе од лежиштето и да отскокне кон
операторот;
- кога сечилото цврсто се приклештува или заглавува
поради затворање на лежиштето, тоа се гаси и моторната
реакција брзо ја враќа единицата кон операторот;
–доколку сечилото се превитка или се измести за време
на сечењето, запчаниците на задниот раб од сечилото
може да се закопаат во горниот дел на дрвото
предизвикувајќи тоа да излезе од лежиштето и да
отскокне кон операторот.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или
несоодветни оперативни постапки или услови и може да
се избегне со преземање на соодветните превентивни
мерки наведени подолу.
uЦврсто држете ја пилата и поставете ги рацете така
што ќе бидат отпорни на силите на одбивањето.
Поставете го телото на едната страна од сечилото,
но никако паралелно со него. Одбивањето може да
предизвика пилата да отскокне наназад, но
операторот може да ги контролира силите на
1 609 92A 67J | (22.03.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий