
156 | Македонски
значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава,
треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи,
а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на
корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на
електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината
на дланките, организирање на текот на работата.
Монтажа
Полнење на акумулаторска батерија (види сликаA)
uКористете ги само полначите коишто се наведени во техничките
податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија
за Вашиот електричен алат.
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја
мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка
на полначот. Полначите означени со 230Vисто така може да се
користат и на 220V.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на
полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се
намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува
на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со
„Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата,
електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач:
Електричниот алат не се движи веќе.
uПо автоматското исклучување на електричниот алат, не
притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување.
Батеријата може да се оштети.
Приказ за наполнетост на батеријата за време на работењето
1 609 92A 8GH | (07.12.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий