
Македонски | 151
со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте
дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
uНе употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или
изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат
непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
uНе го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока
температура. Изложувањето на оган или на температура повисока
од 130°C може да предизвика експлозија.
uСледете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на
батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во
упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми
опасноста од пожар.
Сервисирање
uЕлектричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое
користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува
безбедно одржување на електричниот алат.
uНикогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката
на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или
овластен сервис.
Безбедносни напомени за одвртувачи
uДржете го електричниот алат за изолираната површина додека
сечете, за прицврстувачот да не дојде во контакт со скриена
жица. Ако прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“,
може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под
напон“ и операторот може да добие струен удар.
uКористете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете
скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното
претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар.
Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија.
Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
Bosch Power Tools 1 609 92A 8GH | (07.12.2022)
Добавить комментарий