
Македонски | 149
uОтстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч
пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч
прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до
лична повреда.
uНе ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте
соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра
контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
uОблечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата
и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови.
Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за
подвижните делови.
uАко се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање
предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени.
Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани
од неа.
uНе дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на
алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните
принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да
предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
uНе го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен
електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат
подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е
наменет.
uНе користете електричен алат ако не можете да го вклучите и
исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат
којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да
се поправи.
uИсклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот
на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања,
менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот
алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот
од случајно вклучување на електричниот алат.
uЧувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не
дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не
Bosch Power Tools 1 609 92A 8GH | (07.12.2022)
Добавить комментарий