
Македонски | 139
Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Брзина Максимален дијаметар на
дупчење
1 > 100 mm
2 < 100 mm
Не употребувајте крунести
бургии во режим на
ударно дупчење.
Поставете го
прекинувачот (2) на
ознаката „Дупчење“.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(5) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (5) притиснете го копчето за
фиксирање (4).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (4),
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) и потоа отпуштете го.
Спојка за заштита од преоптоварување
За да се ограничат високите реакциски
моменти, електричниот алат е опремен со
спојка за заштита од преоптоварување
(анти-ротација).
uДоколку алатот што се вметнува се стегне или
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот алат секогаш држете го
цврсто со двете дланки поради јачината со која
работи и застанете во сигурна положба.
uИсклучете го електричниот алат и олабавете го
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот алат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат многу моменти на
блокирање.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (5).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) се постигнуваат мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Бирање на бројот на вртежи/удари
Со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи
(6) може да го изберете потребниот број на вртежи/
удари и за време на користењето на алатот.
Неопходниот број на вртежи/удари зависи од
материјалот и работните услови и може да се одреди со
практична примена.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на доводот на струја.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (5) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uЕлектричниот алат ставете го на навртката/
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
За дупчење на плочки поставете го прекинувачот (2) на
ознаката „Дупчење“. Откако ќе ја продупчите плочката,
поставете го прекинувачот на ознаката „Ударно дупчење“
и работете со удари.
При работење во бетон, камен и ѕид користете дупчалка
за цврст метал.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени HSS дупчалки (HSS = висококапацитетно брзо
сечење со челик). Квалитетот е загарантиран преку
Bosch програмата за опрема.
Со уредот за острење на бургии (опрема) лесно може да
ја наострите спиралната бургија со дијаметар од 2,5–10
mm.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uОдржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7YH | (13.06.2022)
Добавить комментарий