
136 | Македонски
со скриена жица или со неговиот кабел. Ако
опремата за сечење или прицврстувачите дојде во
допир со „жица под напон“, може да ги изложи
металните делови на електричниот алат „под напон“ и
операторот може да добие струен удар.
Безбедносни упатства при користење на долги бургии
uНикогаш не користете поголема брзина од
максималната означена брзина на бургијата. При
поголема брзина, бургијата може да се искриви ако
слободно ротира надвор од делот што се обработува, и
да се повредите.
uСекогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и
врвот на бургијата да биде во допир со делот што се
обработува. При поголема брзина, бургијата може да
се искриви ако слободно ротира надвор од делот што
се обработува, и да се повредите.
uПритиснете во директна линија со бургијата, и без
прекумерен притисок.Бургијата може да се искриви
и да се скрши, или да изгубите контрола и да се
повредите.
Дополнителни безбедносни напомени
uДоколку се блокира алатот што се вметнува,
веднаш исклучете го електричниот алатот. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, ако електричниот алат се
преоптовари или се навали кон делот што се
обработува.
uЦврсто држете го електричниот апарат. При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
uЗацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
uКористете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за ударно дупчење во
цигли, бетон и камења, суво дупчење (не е погоден за
влажно дупчење) со круни за дупчење обложени со
дијаманти во цигла или песок-варовник, како и за
дупчење во дрво, метал, керамика и пластика.
Електричните алати со електронска регулација и лев/
десен тек се исто така погодни за одвртување и сечење
навои.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Запчеста глава со автоматска блокада
(2) Прекинувач „Дупчење/ударно дупчење“
(3) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(4) Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(5) Прекинувач за вклучување/исклучување
(6) Копче за контрола на бројот на вртежи
(7) Граничник за длабочина
(8) Прекинувач за избор на брзина
(9) Пеперутка-завртка за подесување на граничникот
за длабочина
(10) Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
(11) Рачка (изолирана површина на рачката)
(12) Клуч за затегнување на главата за дупчење
(13) Бит за одвртувачa)
(14) Универзален држач за битовиa)
(15) Клучот за затегнување на главата за дупчење за
запчестата глава за дупчење со рачна блокадаa)
(16) Запчеста глава за дупчење со рачна блокадаa)
(17) Вилушкаст клучb)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
b) комерцијално (не е содржано во обемот на испорака)
Технички податоци
Вибрациони дупчалки GSB 162-2 RE
Број на дел/артикл 3 601 A8B 0..
Номинална јачина W 1 500
Макс. излезна моќност W 840
Број на вртежи во празен од
– 1. брзина min-1 0–750
1 609 92A 7YH | (13.06.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий