
138 | Македонски
Запчеста глава за дупчење со рачна блокада (види
сликаE)
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (16),
додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
Клучот за затегнување на главата за дупчење (15)
ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за
дупчење (16) и рамномерно затегнете го алатот.
Со шестоаголникот на клучот за затегање на главата за
дупчење (15) свртете го ексцентарот во правец до
крај. Со тоа ќе се осигура силата на затегнување.
За да го извадите алатот за вметнување свртете го
ексцентарот во правец и отворете ја запчестата глава
(16) со клучот за затегање на главата за дупчење (15).
Алати за зашрафување
При користење на битови за одвртувачот (13) секогаш
треба да користите универзален држач за битови (14).
Користете само битови што се соодветни на главата за
навртување.
За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот
„Дупчење/ударно дупчење“ (2) на ознаката „Дупчење“.
Менување на главата за дупчење
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Демонтирање на главата за дупчење (види сликаF)
За да ја демонтирате запчестата глава за дупчење (1)
ставете вилушкаст клуч (17) (ширина на клучот 17 mm)
на површината на клучот на погонското вратило.
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на
пр. на работна клупа. Ставете го клучот за главата за
дупчење (12) во еден од трите отвори на запчестата
глава (1) и олабавете ја запчестата глава (1) со овој лост
со вртење во правец . Јако зацврстената запчеста глава
ќе ја ослободите со лесен удар на клучот за затегање на
главата за дупчење (12). Извадете го клучот за
затегнување на главата за дупчење (12) од запчестата
глава и целосно одвртете ја запчестата глава.
Монтирање на главата за дупчење (види сликаG)
Монтажата на запчестата глава за дупчење ќе ја извршите
по обратен редослед.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена
со вртежен момент од околу 80–85 Nm.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Подесување на правецот на вртење (види сликаH–I)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (3)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (5) е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за промена на правецот на
вртење (3) налево.
Тек на лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете на прекинувачот за
менување на правецот на вртење (3) надесно.
Подесување на режимот на работа
Дупчење и одвртување
Поставете го прекинувачот (2) на ознаката
„Дупчење“.
Ударно дупчење
Поставете го прекинувачот (2) на ознаката
„Ударно дупчење“.
Прекинувачот (2) ќе се вклопи и може да се
активира и додека работи моторот.
Механички избор на брзини
uПрекинувачот за избор на брзина (8) може да го
активирате во состојба на мирување или додека
работи електричниот алат. Сепак тој не смее да се
активира при целосно оптоварување или
максимален број на вртежи.
Со прекинувачот за избор на брзини (8) може да
изберете 2 брзини.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина II:
1 609 92A 7YH | (13.06.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий