
Македонски | 135
Електрична безбедност
Предупредување! Пред секое одржување
или чистење на производот, згаснете го и
исклучете го од напојување. Истото важи
и ако кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
Вашиот уред е со двојна изолација и не му е потребно
заземјување. Работниот напон е 230VAC, 50Hz (за
земји вон ЕУ 220V или 240V). Употребувајте само
одобрени продолжни кабли. За подетални информации
обратете се во Вашиот Бош сервис.
За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД)
кој се активира на отстапување од 30mA. Резидуалниот
уред треба да се проверува пред секоја употреба.
Чувајте го напојниот и продолжниот кабел понастрана од
подвижните делови, за да се избегне оштетување на
кабелот и негов контакт со металните делови.
Кабелските врски (приклучник и приклучница) треба да
бидат суви и да не лежат на теренот.
Напојниот и продолжниот кабел мора редовно да се
проверуваат за евентуални оштетувања и да се користат
само кога се во беспрекорна состојба.
Ако напојниот кабел е оштетен, мора да се поправи од
страна на овластен сервис на Бош. Употребете само
одобрен продолжен кабел.
Користете само продолжни кабли, кабел, водови за жици
и макари со кабли што се во согласност со EN 61242 / IEC
61242 или IEC 60884-2-7 и се од типот H05VVV-F или
H05RN-F.
Ако сакате да користите продолжен кабел при употреба
на уредот, потребни ви се следните димензии на кабли:
– Пресек 1,25mm2 или 1,5mm2
– Максимална должина 30m за продолжниот кабел или
60m за кабел на навој со ФИ-заштитна склопка
Совет: Ако користите продолжен кабел, тој мора да биде
заземјен преку напојната мрежа, во склад со важечките
прописи.
За дополнителни информации контактирајте лиценциран
електричар или најблискиот Bosch сервис.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните
продолжни кабли можат да бидат опасни.
Продолжниот кабел, утикачот и спојот со
продолжниот кабел мораат да бидат
водоотпорни.
Напомени за производите, коишто не се продаваат во
ВБ:
ВНИМАНИЕ: За Ваша безбедност потребно е утикачот на
уредот да е приклучен на продожен кабел. Спојката на
продолжниот кабел мора да биде заштитена од прскање
на вода, да се состои од гума или да биде обложена со
гума. Продолжниот кабел мора да се користи со
растеретување од напрегање.
Ознаки
Ознака Значење
Правец на движење
Правец на реакција
Вклучување
Исклучување
Додатна опрема/резервни делови
Отстранување
Употреба со соодветна намена
Машината е погодна за поткастрување помали жбунови и
грмушки, сечење фиданки, чистење и отстранување на
плевел, висока трева и коприва во Вашата градина.
Технички податоци
Моторна коса AFS 23-37
Број на артикл 3 600 HA9 ...
Номинална јачина W 1000
Број на празни вртежи
– Сечило min-1 7000
– Навој min-1 6000
Ширина на косење со конец см 37
Ширина на косење со сечило см 23
Пречник на линијата за косење мм 3,5
Тип на конецот извртен
Тип на сечило 3-жлебно
Bosch Power Tools F 016 L94 421 | (03.05.2022)
Добавить комментарий