
134 | Македонски
uПри работа со уредот по влажна трева/грмушки
обрнете посебно внимание.
uКога работите со уредот стојте на цврста основа; само
одете, не трчајте.
uСтојте стабилно и секогаш одржувајте рамнотежа. Не
исцрпувајте се.
uКога уредот е во употреба носете заштитни очила и
слушалки.
uНикогаш не користете го уредот без штитниците,
заштитните капаци и покриви, или ако тие се
оштетени.
uНе употребувајте го уредот со сечило во близина на
напојната мрежа/кабли.
uПред и по секоја употреба проверете дали на уредот
има нанесено некаква штета.
uАко настане проблем, консултирајте ја табелата со
опис на грешките.
uВо случај на незгода, прво исклучете го уредот од
напојување, пред да преземете други мерки.
uНе употребувајте го уредот ако сте болни или под
влијание на алкохол, дрога или лекови.
uРаботата на коси површини може да биде опасна:
- Не косете на премногу стрмни падини.
- На коси површини или на влажна трева обезбедете
стабилен и сигурен чекор.
- На коси површини секогаш косете накосо, а никогаш
горе-долу.
- Бидете особено внимателни кога ја менувате
насоката на косењето.
uНе приближувајте ги нозете и рацете до вртечките
елементи на сечилото.
uИсклучете го производот при транспорт до/од местото
на работа.
uЗгаснете го производот и извадете го кабелот од
утикачот:
− секогаш кога производот го отварате без надзор
− пред отстранување на пречки
− кога кабелот е превиткан
− пред промена на правецот на косење
− кога производот го проверувате, чистите или
работите врз него
− после судар со друг предмет; проверете го
производот веднаш од оштетувања и веднаш заменете
го сечилото аки е потребно
− ако производот почне необично да вибрира
(проверете веднаш)
uПочекајте ротирачките елементи на уредот потполно
да застанат пред да ги допрете. Елементот за сечење
продолжува да се врти и по гасењето на моторот и
може да предизвика повреди.
uНе вршете промени на уредот. Неовластените
модификации можат да доведат до нарушување на
безбедноста на косачката или да ја зголемат бучавата
или вибрациите.
uЧувајте го уредот на суво и затворено место, вон
дофат на деца. Не ставајте други предмети на
производот.
uКористете само Бош резервни делови кои се
препорачани и одобрени за употреба со овој
производ.
uПри подолга работа со производот (или со други
машини) ракувачот е изложен на влијанието на
вибрации, што може да доведе до појава на болеста
Бели прсти (Рејноов феномен) или Синдром на
карпален тунел.
uОвие состојби го оштетуваат сетилото за допир и
терморегулацијата на дланките, предизвикуваат
чувство на трнење и горење, како и нервни или
циркуларни оштетувања и некроза на ткивото.
uАко имате симптоми на преголема изложеност на
вибрации, обратете се кај лекар. Овие симптоми
вклучуваат трнење, губење на сетилото за допир,
вкочанетост, пецкање, боцкање, болка, загуба на
сила, промени на бојата или состојбата на кожата.
Овие симптоми се јавуваат во прстите, дланките и
зглобовите.
uСекогаш употребувајте го производот за соодветна
намена. Внимавајте да употребувате соодветни
предни и задни дршки за држење на уредот и, ако е
потребно, ограничете го времето на користење на
уредот.
uВнимавајте на можноста од повратен удар, што се
случува кога сечилото удри во тврд предмет при
кастрење грмушки. Потрудете се да ги минимизирате
ефектите на повратните удари.
uОвој уред е предвиден да се користи со приложената
нараменица. Нараменицата поставете ја правилно за
добро да го балансира уредот, со што се намалува
можноста за повреда на ракувачот.
uПри транспорт и складирање сечилото треба да се
прекрие со соодветен штитник.
uСтрујните кабли држете ги понастрана од оштрите
делови.
Одржување
uСекогаш носете заштитни ракавици кога работите
со оштри сечила или во нивна близина.
uПроверете сите навртки, подлошки и завртки да се
цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со
уредот.
uРедовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги
веднаш оштетените или изабените делови.
uСекогаш користете Bosch оригинални резервни
делови.
uУредот поправајте го само во Бош овластен сервис.
uПред складирање уредот треба да биде сув и чист. По
потреба исчеткајте го со сува, мека четка.
uОтстранете ги сите остатоци помеѓу главата на
сечилото и заштитниот капак. За компактно
складирање, уредот може да се расклопи кај зглобот.
F 016 L94 421 | (03.05.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий