
68 | Македонски
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) е
блокиран, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uДоколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
електричниот алат.
uДоколку обработувате мали или тенки делови
секогаш користете стабилна подлога или маса за
пила (опрема).
Сечете со масивен притисок за да добиете оптимален и
прецизен резултат од сечењето.
При долги и прави резови во дебело дрво (>40mm)
линијата на резот може да се искриви. За прецизни
резови во овој случај се препорачува користење на
тркалезна пила од Bosch.
Сечење со вдлабнување (види сликаG)
uСмеат да се обработуваат само меки материјали
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување!
За сечење со вдлабнување користете само кратки сечила
за пила. Сечењата со вдлабнување се можни само со агол
на закосување од 0°.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на
основната плоча (6) на делот што се обработува, без
сечилото за пила (9) да го допира делот што се
обработува и вклучете го. Кај електричните алати со
контрола на бројот на удари, поставете го максималниот
број на работни одови. Притиснете го електричниот алат
на делот што се обработува и оставете го сечилото за
пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Штом основната плоча (6) целосно ќе налегне на
површината на делот што се обработува, продолжете да
сечење по должина на линијата.
Средство за ладење/подмачкување
При сечење на метал поради загревање на материјалот
треба да нанесете средство за ладење одн.
подмачкување по должина на линијата за сечење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uОдржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Редовно чистете го прифатот за сечилата за пила. За го
исчистите, извадете го сечилото за пила од електричниот
алат и тропнете лесно со електричниот алат на рамна
површина.
Големи нечистотии можат да доведат до пречки во
функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава
материјали што прават многу прашина.
uПри екстремни услови на примена, доколку е
возможно секогаш користете уред за всисување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување
и приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD). При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот алат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот алат.
Доколку излезот за прашина се затне, исклучете го
електричниот алат, извадете го всисувачот за прашина и
отстранете ги прашината и струготините.
Подмачкајте го водечкиот валјак (8) одвреме-навреме со
неколку капки масло.
Редовно проверувајте го водечкиот валјак(8). Доколку е
истрошен, мора да се замени во овластената
специјализирана продавница Bosch.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У “РОЈКА”
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
1 609 92A 680 | (25.02.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий