
66 | Македонски
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
uПри ставање или при замена на електричниот алат
носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
Бирање на сечилото за пила
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете
на крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за
пила со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило) или со
1/4"-универзално сечило (U-сечило). Сечилото за пила
не треба да биде подолго отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за
пила.
Вметнување на сечилото за пила (види сликиA иE)
uИсчистете го сечилото на листот за пила пред
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
Вметнете го прифатот за сечилото за пила (14) во
правецот на стрелките нагоре. Потоа вметнете го
сечилото за пила (9), со запците во правец на сечењето,
до крај во правец на прифатот за сечилото за пила.
При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа
задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (8).
Прецизни сечења се можни ако водечкиот валјак (8)
лежи блиску, но не премногу стегнато на задниот дел на
сечилото за пила (сечилото за пила (9) не смее да се
свиткува низ водечкиот валјак). По потреба олабавете ја
завртката (18) и вметнете го држачот (17) на водечкиот
валјак на тој начин што тој ќе лежи блиску до задниот дел
на сечилото за пила. Повторно затегнете го шрафот (18).
uПроверете дали е стабилно сечилото за пила.
Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и
да Ве повреди.
Вадење на сечилото за пила (видисликаB)
Вметнете го прифатот за сечилото за пила (14) во
правецот на стрелките нагоре и извадете го сечилото (9).
Доколку сечилото за пила се заглави при вадењето,
притиснете го прифатот за сечило за пила (14) малку
нанапред (макс. 2mm).
Заштита од кинење (опрема) (видисликаC)
Заштитата од кинење (15) (опрема) може да спречи
кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
сечила за пила и со агол на резот од 0°. Основната плоча
(6) при сечење со заштита од кинење не смее да се
поместува наназад за сечење блиску до работ.
Притиснете ја заштитата од кинење (15) од долу на
основната плоча (6) (како што е прикажано на сликата,
со засекот нагоре).
Контрола на линијата на сечењеCutControl
(опрема)
Контролата на линиите на сечење CutControl
овозможува прецизно водење на електричниот алат долж
означената линија за сечење на делот што се обработува.
На CutControl припаѓаат контролниот прозорец (10) со
ознаките за сечење и основата (11) за прицврстување на
електричниот алат.
CutControl прицврстување на основната плоча
(видисликаD)
Прицврстете го контролното прозорче за CutControl
(10) во држачите на подлогата (11). Потоа лесно
притиснете ја подлогата и нека се вклопи во прифатот за
опремата на (16) основната плоча (6).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на всисувач за прав
Вметнете го адаптерот за всисување(4) (опрема) на
црево за всисување(3) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување(4) со млазниците за всисување(5) на
електричниот алат и цревото за всисување(3) со
всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (15).
Исклучете го уредот за оддувување на струготините, ако
го имате приклучено всисувачот за прашина.
1 609 92A 680 | (25.02.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий