Bosch PST 650

Данная инструкция на русском языке предназначена для лобзика Bosch PST 650, описывает принцип работы и основные моменты эксплуатации устройства. Перед первым включением рекомендуется внимательно изучить данное руководство.

Инструкция для лобзика представлена в формате PDF, который поддерживается на всех современных устройствах, так что сложностей с открытием файла возникнуть не должно. Но если открыть документ не получается, установите любую программу для чтения PDF файлов, например Acrobat Reader.

Чтобы распечатать инструкцию, нужно ее сначала скачать, для этого кликните по кнопке «Скачать инструкцию», файл откроется в новой вкладке, затем нажмите комбинацию клавиш Сtrl + P и из открывшегося диалогового окна, отправьте документ на печать.

Страницы: Стр:
Македонски | 67
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Подесување на аголот на закосување
(видисликиE–F)
Основната плоча (6) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитата од кинење (15) не може да се примени за
сечење под агол.
Вметнете го сечилото за пила (9).
Извадете ја заштитата од кинење (15).
Олабавете ја завртката (18) и лесно вметнете ја
основната плоча (6) во правец на млазниците за
всисување (5).
За подесување на прецизен агол на закосување,
основната плоча од десната и левата страна има точки
за вклопување на 0°, 22,5° и 45°. Навалете ја
основната плоча (6) согласно скалата (19) во саканата
позиција. Другите сечења под агол може да се подесат
со помош на агломер.
Потоа притиснете ја основната плоча (6) до крај во
правец на сечилото за пила (9).
Поместете го држачот (17) на тој начин што водечкиот
валјак (8) ќе лежи на задниот дел на сечилото за пила.
Можни се прецизни сечења само ако водечкиот валјак
лежи блиску до задниот дел на сечилото за пила.
Повторно затегнете го шрафот (18).
Контрола на линијата за сечење при сечење под агол
(20) (10) (11) (6) (21) (19)
За контролата на линиите на сечење на контролниот
прозорец за CutControl (10) има ознака (20) за
правоаголниот засек со 0° и по една ознака (21) за аголот
на закосување со 45° кон десно и кон лево соодветно на
скалата (19).
Ознака за сечење за аголот на закосување меѓу 0° и 45°
се пресметува пропорционално. Таа може дополнително
да се нанесе на контролниот прозорец за CutControl
(10) со неперманентен маркер и повторно да се
отстрани.
За прецизно работење најдобро е да направите пробен
рез.
Поместување на основната плоча (види сликаE)
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја
поместите основната плоча (6).
Вметнете го сечилото за пила (9).
Олабавете ја завртката (18) и притиснете ја основната
плоча (6) до крај во правец на мерните млазници (5).
Поместете го држачот (17) на тој начин што водечкиот
валјак (8) ќе лежи на задниот дел на сечилото за пила.
Можни се прецизни сечења само ако водечкиот валјак
лежи блиску до задниот дел на сечилото за пила.
Повторно затегнете го шрафот (18).
Сечењето со поместена основна плоча (6) возможно е
само со агол на закосување од 0°. Освен тоа, не смеат да
се користат контролата на линијата за сечење CutControl
со подлога (11) и заштитата од кинење (15).
Уред за оддувување на струготините
Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на
струготини може да се одржува чиста линијата на резот
од струготини.
Вклучување на уредот за оддувување
на струготините: За работење со
многу стругање во дрво и пластика,
меѓу другото, ставете го
прекинувачот (7) во правец на
млазниците за всисување.
Исклучување на уредот за
оддувување на струготините: За
работење во метал како и при
приклучен всисувач на прашина
ставете го прекинувачот (7) во
правец на сечилото за пила.
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Вклучување/исклучување
uПроверете дали можете да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) држете го притиснат и турнете ја
блокадата (1) кон десно или лево.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2). Доколку
Bosch Power Tools 1 609 92A 680 | (25.02.2021)
Страницы: Стр: 43
Комментарии (0)

Добавить комментарий

Другие Лобзики Bosch