
60 | Македонски
Примена Гранулација
За рамно брусење и израмнување
на мали нерамнини средно 80, 120
За завршно и фино брусење на
цврсти дрва фино 180
За завршни работи одн. полирање особено на метал и
камен, користете волнен филц/филц за полирање.
Во зависност од квалитетот на површината на делот што
се обработува, користете различни видови волнени
филцови одн. филцови за полирање.
Вадење на дводелната брусна плоча
(видисликаD)
❶Притиснете го SDS-лизгачот за ослободување на
брусна плоча(6) до крај во десно.
❷Извадете ја брусната плоча(7).
❸Извлечете ја задната брусна плоча(8) за жлебовите
за држење надолу и потоа наназад.
Доколку на пр. е истрошен преден врв на брусниот лист,
може да се извади целата брусна плоча, да се заврти за
120° и потоа повторно да се стави.
Вметнување на дводелната брусна плоча
(види слика E)
❶Најпрво поставете ја задната брусна плоча(8) со
запците за вклопување во отворите на прифатот на
брусната плоча. Притиснете ја брусната плоча(8) на
прифатот додека не слушнете да се вклопи.
❷Поставете ја предната брусна плоча(7).
❸За фиксирање на брусната плоча притиснете го SDS-
лизгачот за ослободување на брусна плоча(6) до
крај во лево.
Вметнување на правоаголната брусна плоча
(видисликиF–G)
❶Поставете ја брусната плоча(9) со запците за
вклопување во отворите на прифатот на брусната
плоча. Притиснете ја брусната плоча(9) на прифатот
за брусна плоча додека не слушнете да се вклопи.
❷За фиксирање на брусната плоча притиснете го SDS-
лизгачот за ослободување на брусна плоча(6) до
крај во лево.
❸Сега со притискање на задниот десен и лев дел на
правоаголната плоча проверете дали брусната плоча
е добро вклопена во задниот дел.
Вадење на правоаголната брусна плоча
❶Притиснете го SDS-лизгачот за ослободување на
брусна плоча(6) до крај во десно.
❷Извадете ја правоаголната брусна плоча(9).
Специјални брусни плочи
Испорачаната брусна плоча (7) може да ја замените со
специјална брусна плоча која е дел од опремата.
Монтажата на специјалната брусна плоча се врши на
начинот како што се менува испорачаната брусна плоча.
Поставувањето и вадењето на односниот брусен лист се
врши на начинот како што се менува оригиналниот
брусен лист.
Примената на специјални брусни плочи е дозволена само
доколку е монтирана задната брусна плоча(8).
Додаток за брусење ламели (види слика H)
Користењето на додатокот за брусење ламели (15) Ви
овозможува обработка на особено тешко достапни
места, како напр. ламели на прозори, регали или врати.
Брусно јазиче, рамно (вид слика I)
Рамното брусно јазиче (17) овозможува обработка на
тесни процепи и тесен меѓу-простор.
Брусниот лист за брусното јазиче(16) се монтира на ист
начин како предниот брусен лист(14).
Брусно јазиче, овално (види слика I)
Овалното брусно јазиче (18) Ви овозможува обработка
на заоблени површини и шупливи тела или на конкавни
површини како на пр. на мебел, гелендер или
радијатори.
Брусниот лист за брусното јазиче(16) се монтира на ист
начин како предниот брусен лист(14).
Употреба
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Вклучување/исклучување
uПроверете дали можете да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави „I“.
За исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување(2) наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави „0“.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
1 609 92A 68W | (16.03.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий