Bosch PSM 200 AES

Данная инструкция на русском языке предназначена для шлифовальной машины Bosch PSM 200 AES, описывает принцип работы и основные моменты эксплуатации устройства. Перед первым включением рекомендуется внимательно изучить данное руководство.

Инструкция для шлифовальной машины представлена в формате PDF, который поддерживается на всех современных устройствах, так что сложностей с открытием файла возникнуть не должно. Но если открыть документ не получается, установите любую программу для чтения PDF файлов, например Acrobat Reader.

Чтобы распечатать инструкцию, нужно ее сначала скачать, для этого кликните по кнопке «Скачать инструкцию», файл откроется в новой вкладке, затем нажмите комбинацию клавиш Сtrl + P и из открывшегося диалогового окна, отправьте документ на печать.

Страницы: Стр:
Македонски | 59
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со кутија за прав
(види слики A1–A4)
Ставете ја кутијата за прав (4) на млазниците за
издувување (11), додека не се вклопи.
За да ја испразните кутијата за прав (4) извлечете ја
надолу.
Пред да ја отворите кутијата за прав (4) тропнете со неа
на цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за
да ја отстраните правта од филтерот.
Фатете ја кутијата за прав (4) за вградената рачка,
преклопете го филтерот (3) нагоре и испразнете ја
кутијата за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот (3)
со мека четка.
Надворешно всисување (види сликаB)
Вметнете го адаптерот за всисување(13) (опрема) на
црево за всисување(12) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување(13) со млазниците за всисување(11) на
електричниот алат и цревото за всисување(12) со
всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Замена на сечилото за пила (види слика C)
Пред да ставите нов лист за брусење, отстранете ја
нечистотијата и правта од брусната плоча (7), на пр. со
четкичка.
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на брусната плоча.
Брусната плоча (7) е опремена со леплива лента, така
што брусните листови со леплива лента може брзо и
едноставно да се прицврстат.
Истресете ја лепливата лента од брусната плоча (7) пред
поставување на брусниот лист (14), за да овозможите
оптимално слепување.
Електричниот алат има 2 брусни листа, кои може
поединечно да се менуваат во зависност од
истрошеноста.
uКористете го електричниот алат само доколку се
монтирани двата брусни листа.
uКористете брусни листови со иста гранулација.
Брусниот лист (14) ставете го израмнето на едната
страна од брусната плоча (7), поставете го брусниот лист
на брусната плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист (14) фатете го за врвот и
извлечете го од брусната плоча (7).
Може да користите брусни листови на Bosch-Delta-
брусилките.
Опремата за брусење како крпи/филц за полирање не се
зацврстува на истиот начин на брусната плоча.
Избор на брусен лист
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:
Примена Гранулација
За обработка на сите материјали, како на пр.
дрво, боја, филер, лак, цврсто и меко дрво,
како и иверки и метал
40–180
За претходно брусење, на пр. за
груби нерендани греди и даски грубо 40
Bosch Power Tools 1 609 92A 68W | (16.03.2021)
Страницы: Стр: 38
Комментарии (0)

Добавить комментарий

Другие Шлифмашины Bosch