
Македонски | 95
uДлабочината на сечилото и рачките за
прилагодување на косината мора да се прицврстат
и да се осигураат пред да се направи засекот. Ако
прилагоденото сечило се подигне за време на
сечењето, може да предизвика навалување и
одбивање.
uОбрнете дополнително внимание при сечење во
постоечки ѕидови или други празнини. Испакнато
сечило може да пресече предмети кои може да
предизвикаат одбивање.
Функција на заштитен поклопец
uПред секоја употреба проверете дали е правилно
затворен штитникот. Не ракувајте со пилата
доколку штитникот не може слободно да се движи
и веднаш се затвора. Никогаш не го стегајте или не
го врзувајте штитникот додека е отворен. Ако
пилата случајно падне, штитникот може да се извитка.
Осигурајте се дека штитникот слободно се движи и не
го допирајте сечилото ниту некој друг дел, на аглите и
длабочината на засекот.
uПроверете ја работата и состојбата на повратната
пружина на штитникот. Доколку штитникот и
пружината не функционираат правилно, мора да се
сервисираат пред употреба.Штитникот може
побавно да работи поради оштетени делови, лепливи
наслаги или наталожена нечистотија.
uОсигурајте се дека основната подлога на пилата
нема да се помести за време на правењето на
„убодни засеци”.Страничното поместување на
сечилото може да предизвика навалување и можно
одбивање.
uСекогаш внимавајте штитникот да го покрива
сечилото пред да ја спуштите пилата на работна
маса или на под.Незаштитено, разлабавено сечило ќе
предизвика враќање на пилата наназад, и сечење на
сѐ со што ќе дојде во допир. Внимавајте на времето
што му е потребно на сечилото откако прекинувачот ќе
се ослободи.
Безбедносни предупредувања за машината за
сечење
uЗаштитата дадена заедно со алатот мора да биде
безбедно прицврстена на електричниот алат и
поставена да обезбеди максимална безбедност,
така што минимален дел од дискот да биде завртен
кон операторот. Вие и луѓето во близина поместете
се подалеку од работната површина на ротирачкиот
диск. Заштитата го заштитува операторот од
скршените парчиња на дискот и случаен контакт со
истиот.
uКористете исклучиво споени, зајакнати или
дијамантски дискови за сечење за вашиот
електричен алат. Само затоа што дополнителната
опрема може да се вгради на вашиот електричен алат,
не значи дека може да се осигура безбедно работење.
uУтврдената брзина на дополнителната опрема мора
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат. Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
uДисковите мора да се користат само за соодветни
намени. пример: не користете диск за сечење за
странично брусење. Абразивните дискови за сечење
се наменети за периферно брусење, страничните сили
што се применуваат на овие дискови може да
предизвикаат нивно распарчување.
uСекогаш користете неоштетени прирабници со
правилна големина и форма за вашиот диск.
Соодветни прирабници за дискови го потпираат
дискот, со што се намалува можноста од кршење на
дискот.
uНе употребувајте користени, зајакнати дискови од
поголеми електрични алати. Дисковите наменети за
поголеми електрични алати не се соодветни за големи
брзини на мали алати, и може да се распрснат.
uНадворешниот дијаметар и дебелина на вашата
дополнителна опрема мора да биде во рамките на
класата на вашиот електричен алат. Дополнителна
опрема со несоодветна величина не може соодветно
да се заштити и контролира.
uГолемината на осовината на дисковите и
прирабниците мора правилно да се вклопува во
вретеното на електричниот алат. Дисковите и
прирабниците чијашто дупка за осовина не се
вклопува во намонтираниот тврд дел на електричниот
алат, ќе изгубат рамнотежа, прекумерно ќе вибрираат
и може да предизвикаат губење на контрола.
uНе користете оштетени дискови. Пред секоја
употреба, проверете дали дисковите имаат
процепи или пукнатини. Доколку електричниот алат
или дискот паднат, проверете дали се оштетени или
инсталирајте неоштетен диск. По проверката или
инсталирањето на дискот, вие и луѓето во близина
поместете се подалеку од работната површина на
ротирачкиот диск и вклучете го електричниот алат
на максимална брзина без оптоварување една
минута. Оштетените дискови вообичаено се
расипуваат во текот на овој тест период.
uНосете лична заштитна опрема. Во зависност од
примената, користете штитник за лице,
безбедносни или заштитни очила. Како што е
соодветно, носете маска за заштита од прашина,
штитници за уши, ракавици и работничка престилка
којашто ги запира малите абразивни парчиња или
парчиња од делот што го обработувате. Заштитата
за очи мора да овозможи спречување на остатоци што
се распрскуваат при работењето. Маската против прав
или респираторот мора да ги филтрира честичките што
се генерираат при работењето. Долготрајна
изложеност на интензивна бучава може да доведе до
губење на слухот.
Bosch Power Tools 1 609 92A 66U | (22.12.2020)
Добавить комментарий