
62 | Македонски
Монтирање на секачот на рендето (види слика B)
Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се
обезбедува еднакво подесување на висината при
менувањето одн.вртењето.
Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на секачот
во затезниот елемент (12) и секачот на рендето (14).
Внимавајте при монтажата на секачот на рендето, дека тој
беспрекорно лежи во водилката на прифатот на
затезниот елемент (12) и да се центрира рамно на
страничниот раб од задната подлога на рендето (9). На
крај цврсто затегнете ги 2-те завртки за прицврстување
(13) со клуч со внатрешна шестаголна глава (15).
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали
завртките за прицврстување (13) се добро вметнати.
Свртете ја главата на секачот (11) со рака и проверете
дали секачот на рендето стружи на некое место.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Редовно чистете го исфрлувачот на струготини (1). За
чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете
соодветен алат на пр. дрвено парче, компресиран воздух
итн.
uНе ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може
да се повредите од ротирачките делови.
Заради обезбедување на оптимално всисување
постојано користете надворешен уред за всисување или
вреќичка за прав/струготини.
Надворешно всисување (види слика C)
На исфрлувачот за струготини од двете страни (PHO
2000) или од едната страна (PHO 1500) може да се
приклучи црево за всисување (Ø 35 mm) (16) (опрема).
Поврзете го цревото за всисување (16) со всисувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на
различните видови на всисувачи за прашина ќе го
најдете на крајот од ова упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Сопствено всисување (види слика C)
Кај поситните работи може да приклучите вреќичка за
прав/струготини (опрема) (17). Млазниците за
всисување зацврстете ги на исфрлувачот на струготини
(1). Празнете ја вреќичката за прав/струготини (17)
редовно, за да остане оптимално собирањето на прав.
Исфрлувач на струготини што може да се избере (PHO
2000)
Со рачката за поместување (4) може да се подеси
исфрлувачот на струготини (1) кон десно или лево.
Притиснете го лостот за селекција (4) додека не се
вклопи во крајна позиција. Избраниот правец ќе се
прикаже со ознака со стрелка на лостот за селекција (4).
Употреба
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Подесување на длабочината на стругање
Со вртливото копче(2) може бесстепено да се подеси
длабочината на рендосување од0–1,5mm (PHO 1500)
или 0–2,0mm (PHO 2000) со помош на скалата за
длабочина на рендосување(3) (поделба на
скалата=0,25mm).
Вклучување/исклучување
uПроверете дали можете да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување(5) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување(6) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување(6).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување(6) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
1 609 92A 4K8 | (18.02.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий