
Македонски | 57
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со кутија за прав (види слики
A1–A4)
Ставете ја кутијата за прав (6) на адаптерот за всисување
(9), додека не се вклопи. Адаптерот за всисување (9)
вметнете го на млазниците за издувување (10).
За да ја испразните кутијата за прав (6) извлечете ја
надолу (6) со адаптерот за всисување (9).
Пред да ја отворите кутијата за прав (6) тропнете со неа
на цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за
да ја отстраните правта од филтерот.
Фатете ја кутијата за прав (6) за вградената рачка,
преклопете го филтерот (12) нагоре и испразнете ја
кутијата за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот (12)
со мека четка.
Напомена: Брусилката со подвижна лента има голем
капацитет на отстранување. За да се гарантира
оптимално всисување на правта, редовно празнете ја
кутијата за прав (6) по 5 минути работење и редовно
чистете го филтерот (12).
Надворешно всисување
Ставете едно црево за всисување на млазниците за
издувување (10).
Поврзете го цревото за всисување со всисувач за прав.
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Замена на брусната лента (види слики B–D)
– Навалете го целосно надолу затезниот лост (3).
Брусната лента (2) сега е олабавена и може да се
извади.
– Поставете ја новата брусна лента (2). Внимавајте да
соодветствуваат правците на стрелките на
внатрешната страна на брусната трака и на куќиштето
на електричниот алат.
– Повторно вратете го затезниот лост (3) во стартната
позиција.
– Подигнете го електричниот алат и вклучете го.
Движењето на лентата автоматски се центрира при
вклучувањето и за време на процесот на брусење.
Доколку движењето на лентата не се центрира по
вклучувањето, движењето на лентата мора рачно да се
подеси. Завртете ја завртката за подесување (13) на
предниот валјак, додека брусната лента (2) не работи со
растојание од 2–3 mm до алуминиумското куќиште, види
слика (D). Доколку движењето на лентата потоа повторно
не е центрирано, брусната лента (2) треба да се замени.
Избор на брусна лента
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање на површината, на располагање ви се
различни брусни ленти:
Гранулација
За обработка на сите дрвени материјали
40 – 240
За претходно брусење, на пр. за
груби нерендани греди и даски грубо 40, 60
За рамно брусење и израмнување
на мали нерамнини средно 80, 100,
120
За завршно и фино брусење на
цврсти дрва фино 180, 240
Употреба
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Вклучување/исклучување
uПроверете дали можете да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и држете
го притиснат.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) држете го истиот притиснат и
дополнително притиснете на копчето за фиксирање (7).
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5). При
фиксиран прекинувач за вклучување/исклучување (5),
најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.
Претходно избирање на брзината на движење на
лентата (PBS 75 AE)
Со копчето за подесување на брзината на движење на
лентата (4) може да ја изберете потребната брзина на
движење на лентата и за време на работата.
Неопходната брзина на движење на лентата зависи од
материјалот и работните услови и може да се одреди при
практична примена.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Капацитетот на отстранување при брусење на површини,
во главно, се одредува со изборот на брусна лента како и
претходно избраната брзина на движење на лентата (PBS
75 AE). Колку е повисока брзината на лентата, толку е
Bosch Power Tools 1 609 92A 4D7 | (18.02.2021)
Добавить комментарий